Економија
Дивоградбите во Македонија ќе се легализираат
Сопствениците на бесправно изградени градби на територијата на Македонија ќе имаат можност во рок од шест месеци, по стапување на сила на законските измени, да покренат постапка за легализација на објектите. Ова се предвидува со предлог-Законот за постапување со бесправно изградени објекти, што денеска на пресконференција во Скопје го презентираше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.„Со овој предлог-закон се опфатени градби од државно значење, градби со намена производство, дистрибуција и сервиси како и градби со намена домување во куќи, кои се изградени без или спротивно на одобрение за градење, како и делови на градби со наведената намена кои се изградени без одобрение за градење“, појасни Јанакиески.Тој не можеше да прецизира колку точно дивоградби постојат во Македонија, но истакна дека според некој проценки на општините дури 60 отсто од куќите во Македонија се дивоградби.„Не постои општина на територијата на Република Македонија, во која што нема изградено дивоградба“, рече Јанакиески.Висината на надоместокот за легализација на градбите изнесува 0,5% од вкупниот годишен приход на членовите на семејството помножен со вкупната површина во метри квадратни.„Тоа значи дека за куќа од 100 метри квадратни, доколку семејството остварува месечен приход од 12.000 денари, ќе треба во наредните шест години да плаќа по 12.000 денари годишно, доколку пак остварува 30.000 денари месечно, ќе треба секоја година да одвои по 30.000 денари, или вкупно 180.000 денари во наредните шест години“, посочи Јанакиески, додавајќи дека лицата што примаат социјална помош нема да плаќаат надоместок..Тој рече дека при поднесување на барањето за легализација, потребно е да се приложи државјанство, потврда за комунален приклучок, имотен лист за земјиштето, проект за изградбата и да се изврши геодетско мерење. „Бесправната градба во зависност од видот треба да исполнува соодветни стандарди кои се однесуваат на нејзината статика, заштитата од пожар, заштитата на животната средина и здравјето на луѓето, a исполнувањето на овие стандарди се утврдува со елаборатите кои се составен дел на проектот за фактичката состојба на градбата“, изјави Јанакиески.Тој појасни дека општините ќе бидат надлежни за градбите со намена производство, дистрибуција и сервиси и градбите со намена домување во куќи, а Министерството за транспорт и врски ќе ја спроведува постапката за градби од државно значење.Јанакиески изрази оптимизам дека со овој закон, кој треба да помине низ собраниска процедура, ќе бидат легализирани најголемиот дел од бесправно изградените градби, а тие што нема да бидат легализирани, ќе бидат третирани согласно Законот за градење.Владата очекува со имплементацијата на предложените законски решенија да се реши повеќедецениското прашање за бесправно изградени објекти на територијата на Република Македонија и да се стави ред во областа на градежништвото и урбанизмот. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

