Економија
Затворени преку 4.700 фарми во Германија поради паниката од диоксин
Преку 4.700 фарми се затворени во Германија откако резултатите на испитувањата покажаа дека храната за животни содржи диоксин, хемикалија која предизвикува рак, јавуваат локалните медиуми, пренесува Риа Новости„Точно 4709 фарми и бизниси се затворени во моментов, од кои 4468 само во федералната држава Долна Саксонија“, се вели во соопштението на германското Министерство за земјоделство .Околу 3.000 тони на контаминираната храна биле испорачани на фармите за свињи и за живина. Јајцата од некои од овие фарми биле подоцна испратени во Холандија на дообработка. Според германските медиуми, 14 тони пастеризирани течни производи од јајца влегле и во Британија. Британските власти се уште утврдуваат дали тие производи се контаминирани со диоксин. Повеќето свињарски и живинарски фарми ќе останат затворени додека не се утврди дека се исчистени од контаминацијата со диоксин. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Време е за нов лаптоп, а не знаеш од каде да ја почнеш потрагата?
Пронаоѓањето на идеалниот лаптоп честопати знае да биде исцрпувачки процес. Помеѓу перформансите, дизајнот и цената, купувачите често поминуваат недели во истражување, чекајќи го вистинскиот момент за својата следна инвестиција.
За сите оние кои веќе некое време разгледуваат, но сè уште ја немаат донесено финалната одлука, Анхоч ја започнува својата најнова кампања која ги отстранува сите дилеми.
Под слоганот „Вистински избор. Во вистинско време“, компанијата нуди услови кои ја прават технологијата подостапна од кога било досега.
Технологија без финансиски бариери
Главниот фокус на оваа акција е олеснувањето на начинот на плаќање. Свесни дека квалитетниот лаптоп е неопходна алатка за работа, учење или креативност, од Анхоч овозможуваат купување до 24 рати со 0% камата. Ова значи дека корисниците можат да го добијат најдобриот уред веднаш, а да го плаќаат на рати кои не го оптоваруваат месечниот буџет, без дополнителни скриени трошоци.
Подарок за секоја нова приказна
Покрај одличните финансиски услови, секој купувач на лаптоп во овој период добива и подарок – квалитетен ранец. Со овој гест, Анхоч сака да ја заокружи корисничката вредност, обезбедувајќи сигурност и мобилност за новиот уред од првиот ден.
Избор кој не познава компромиси
Со понуда од над 200 модели, кампањата ги опфаќа сите сегменти:
· Бизнис корисници кои бараат издржливост и професионалност.
· Студенти и ученици на кои им е потребен лесен и функционален уред.
· Гејмери и креативци кои не прават компромис со перформансите.
Акцијата е веќе активна во сите продажни салони на Анхоч низ Македонија, како и на нивната онлајн продавница, и ќе трае до 02.03.2026 година.
ПР
Економија
„Гласот ми откажа“: Кандидати раскажуваат за исцрпувачкиот финален круг за работа во „Амазон“
Вработен во „Амазон“ откри како изгледа нивниот озлогласен завршен круг разговори за работа, последната и најинтензивна фаза од селекцискиот процес во компанијата. Станува збор за вистински маратон – четири до шест последователни интервјуа, од кои секое трае меѓу 45 и 60 минути, а сите се одржуваат во ист ден, пренесува Унилад.
Официјален опис на процесот
На официјалните страници за вработување, „Амазон“ наведува дека кандидатите разговараат со повеќе вработени, при што секој од нив проценува различни вештини и искуства за да се добие целосна слика за тоа како кандидатот би се вклопил во тимот и работната средина.
Сите кандидати се оценуваат според таканаречените „Принципи на лидерство“, интерен сет на вредности и правила, а интервјуерите бараат конкретни примери за тоа како кандидатите ги применувале во досегашната работа.
Компанијата користи прашања засновани на реални ситуации од пракса, со цел да добие конкретни примери од претходното искуство и да разбере како кандидатот пристапува кон предизвици, донесување одлуки и соработка. Пример за такво прашање е:
„Опишете ситуација во која сте презеле ризик, сте направиле грешка или сте доживеале неуспех. Што се случи и што научивте од тоа?“
Искуство од прва рака
Еден вработен во „Амазон“ од Австралија, кој работи во малопродажниот тим, го споделил своето искуство на „Редит“, потврдувајќи дека процесот е исклучително тежок. Тој го опишал како „многу интензивен“ и објаснил дека системот е многу посложен отколку што изгледа на прв поглед.
„Прво следи 20-минутен телефонски разговор со одделот за човечки ресурси. Потоа доаѓа едночасовен видеоповик со менаџерот кој вработува. По тоа следи завршниот круг – пет едночасовни разговори, еден на еден, со пет различни лица“, појаснил тој.
„Од тие пет лица во завршниот круг, едно е таканаречен ‘bar raiser’, лице задолжено за одржување на високи стандарди; од него се очекува да биде построго кон кандидатот и подетално да го испрашува. По завршниот круг, интервјуерите даваат препорака ‘вработи’ или ‘секако вработи’, односно ‘не вработувај’ или ‘никако не вработувај’. Потоа се состануваат и дискутираат. Мислењето на менаџерот што вработува и на ‘bar raiser’-от има најголема тежина. Кандидатот мора да добие препорака за вработување од сите пет интервјуери“, додал тој.
Исцрпувачко и монотоно
Друг корисник на „Редит“ го опишал процесот како целосно исцрпувачки.
„Никогаш не сум учествувал во толку интензивен, монотон и здодевен процес на вработување“, напишал тој.
„Во еден момент гласот почна да ме издава, бидејќи од мене се очекуваше да зборувам 30 до 45 минути. Повеќето интервјуери ми оставија само десет минути на крајот за мои прашања, а имав многу повеќе што сакав да прашам отколку што времето дозволуваше“, се пожалил.
Слично искуство споделила и вработената Емили Мареј на веб-страницата на „Амазон“.
„Иако и претходно сум одела на интервјуа за работа, ниту едно не било толку ригорозно, долго или темелно како тоа во Амазон. Процесот се состоеше од телефонски разговори со регрутер и менаџерот што вработува, по што следеше петчасовен завршен круг интервјуа со неколку интервјуери од различни делови на компанијата“, навела таа.
Мареј им советува на кандидатите однапред да подготват конкретни примери од своето искуство, да поставуваат прашања, да ги прилагодат одговорите на описот на работното место и своите успеси да ги поткрепат со бројки и податоци.
Економија
ССКМ со поддршка за македонските транспортери
Сојузот на стопански комори на Македонија во која членуваат голем број на мали и средни компании директно поврзани со ланецот на транспорт и стоки кој се одвива во земјата и надвор од неа сериозно е загрижен за, како што велат, можните нарушувања кои ќе доведат до неконкурентна положба на македонскиот бизнис сектор.
„Стравуваме дека со продлабочување и пролонгирање на создадените проблеми во транспортниот сектор (камионскиот транспорт) и зависноста на македонските компании и странски инвестиции од 96% ,се создава можност за дополнителни фискални инпликации и намалување на нивната конкурентност на Европскиот пазар на среден и долг рок“, се наведува во соопштението на ССКМ.

