Економија
Екстремно студеното време ги уништува посевите со пченка во Мексико
Невообичено студеното време со најниски температури во последните 20 години во северниот дел на Мексико предизвикува оштетување на посевите со пченка во државата Синалоа, јавува Би Би Си.Официјалните проценки покажуваат дека загубите можат да достигнат и до четири милиони тони, што е 16 отсто од годишното производство на пченка во оваа земја,Постои страв дека загубите можат да ја покачат цената на пченкарните тортилји, кои се задолжителен дел од секој мексикански оброк.Властите велат дека повеќе од 1,5 милиони хектари под пченка се зафатени од мраз во Синалоа, која е дом на едно од најбогатото и најплодно земјиште во Мексико.На средбата меѓу земјоделците од Синалоа и државни функционери, претседателот на земјата, Калдерон, вети федерална помош, кредити и брза исплата за осигурување за да им помогне на земјоделците да набават нови култури пред да биде премногу доцна во сезоната.„Тоа не е обична катастрофа или едноставна загуба на жетва, тоа е вонредна ситуација која бара јасен и силен одговор од властите, одговор кој не се губи во бирократските одложувања“, рекол КалдеронЦената на тортилјите веќе се зголемува во согласност со скокот на цената на жито на глобалните пазари.Во 2007 година високата цена на тортилјата предизвика масовни протести во Мексико.Пченката за првпат е припитомена во Мексико и таа е една од главните житни култури./крај/ввс/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

