Економија
Владата објави план за вработување на над 7.000 лица
Оперативен план за вработување во 2011 година, со којшто ќе бидат опфатени 7.000 лица и ќе бидат одвоени 500.000 милиони денари (околу 8,13 милиони евра), објави денеска македонската влада.Како што образложи вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, станува збор мерките на владината економска политика, кои се насочен кон подобрување на состојбата со вработеноста во државата, со цел овој најгорчлив проблем за граѓаните да биде надминат.„Со годишната оперативна програма за активни мерки за вработување ќе бидат опфатени над 7.000 лица и со којшто владата има намера да алоцира околу 500.000 денари, кој заедно со средствата кои очекуваме да ги добиеме преку европските фондови би требало да бидат во вкупен износ од над 10 милиони евра насочени кон овие мерки.Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, информираше дека станува збор за десет различни програми наменети за граѓаните.„Првата мерка е програмата за самовработување, со која се планира да бидат опфатени 700 лица, за што владата планира да одвои 147,5 милиони денари“, рече Бајрами.Тој појаснува дека со оваа мерка се предвидува да се доделуваат неповратни грантови за сите лица кои што се невработени, а планираат да покренат сопствен бизнис.„Потоа имаме програма за формализирање на постојните бизниси, каде што ќе бидат опфатени 250 лица, а се обезбедени 47 милиони денари, додека трета програма е за подршка на дополнителни вработување во постоечките фирми, кои се регистрирани преку програмата за самовработување во изминатите години,“ изјави Бајрами.Тој истакна дека една од мерките е пилот програма за мобилност на работа сила. Со оваа мерка секое лице под 34 години, кое што ќе најде работно место 60 километри од неговото место за живеење, ќе биде финансирано со 3.000 евра.Услов е вработувањето да не биде во Скопје и да не е во јавната администрација.Покрај ова, владата планира да одвои околу 40 милиони денари за обука на лица до 29 години, кои подоцна би се вработиле во некоја од текстилните фабрики во Тетово или Штип.„Имаме и програма за анкета на слободни работни, во која ќе бидат ангажирани 40 лица, чија задача ќе биде вршење на анкета на слободни работни места ширум државата“, рече Бајрами.Тој додаде и дека владата има програми за економско јакнење на жените на семејното насилство, при што ќе бидат опфатени 70 лица и програма за подршка на вработување на Ромите, со која се планира да бидат опфатени 35 лица.Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, истакна дека владата континуирано се обидува да им излезе во пресрет на невработените лица да им помогне да отворат сопствен бизнис и да го зголемат капацитетот на вработените.„Преку овие програми ќе се обидеме да им помогнеме на сите оние невработени лица, кои што имаат желба да се вклучат во некоја од овие активни политики“, рече Поповски.Тој информираше дека програмата за самовработување се спроведува веќе четири години по ред и нејзината успешност е 85 проценти, што значи дека голем процент од невработените коишто земале грант од владата за отворање на сопствен бизнис и натаму се активни. /крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

