Економија
„ЗК Пелагонија“ со раст на приходите од 7 отсто

Битолската компанија „ЗК Пелагонија“ според неревидираниот финансиски извештај за 2010 година бележи раст на приходите од продажба за 7 отсто споредено со претходната година.
Битолската компанија „ЗК Пелагонија“ според неревидираниот финансиски извештај за 2010 година бележи раст на приходите од продажба за 7 отсто споредено со претходната година. Приходите на компанијата лани изнесуваа 759,6 милиони денари, а претходната година 707,5 милиони денари. Најголем дел од остварените приходи од продажба се остварени на домашниот пазар (676,6 милиони денари).Оперативните расходи бележат намалување за 10 отсто и изнесуваат 953 милиони денари.„ЗК Пелагонија“, АД Битола, 2010 година ја затвори со загуба од 45, 7 милиони денари, што преставува намалување за 73 отсто во однос на загубата остварена во 2009 година (166,9 милиони денари). Примарната дејност на „ЗК Пелагонија“ е од областа на земјоделското производство, лозарството и овоштарството. Произведува житни култури, а се занимава и со одгледување на ситен и крупен добиток, сточарско производство, рибарство, овоштарство, лозарство, како и транспорт и дистрибуција на производите./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Новата Daikin Perfera – парапетна единица за беспрекорен домашен амбиент

Кога станува збор за правилен избор за климатизација на домот, особено е важно да изберете систем со кој ќе постигнете висока енергетска ефикасност, ќе ги намалите своите трошоци, а притоа ќе можете да си дозволите идеална атмосфера и комплетна удобност.
Без оглед на тоа дали станува збор за свежина во текот на летото или пријатност за време на зимата, на вашиот простор за живеење му треба чувство на благосостојба во текот на целата година, што ќе ви овозможи да се чувствувте пријатно и удобно.
Парапетната единица Perfera е создадена да го направи вашиот дом удобен. Стилски дизајниран преден панел и тивко работење како главни карактеристики, ја претвораат секоја просторија во вистински место за комплетна удобност.
Уникатни карактеристики за греење
Perfera овозможува максимална удобност благодарение на уникатните карактеристики во опцијата за греење:
1) Heat boost го загрева домот при стартување на климатизерот.
Поставената температура се достигнува 14% побрзо отколку кај обичен климатизер.
2) Функцијата Heat plus симулира зрачење на топлина 30 минути за да овозможи удобрно греење, а потоа се активираат претходните поставки.
3) Функцијата за затоплување на подот ја оптимизира конвекцијата со распределба на топлиот воздух од долниот дел на единицата.
Дизајнирани за паметна удобност
Изгледот на парапетната единица Perfera е функционален, но сепак стилски. Нејзиниот компактен и елегантен дизајн лесно се вклопуваат во повеќето современи ентериери, а високите перформанси ѝ овозможуваат да постигне неверојатна ефикасност.
Истовремено тивка и моќна, Perfera ви го нуди најдоброто како во опциите за греење и ладење, така и во дизајн и перформанси.
Преку мобилната апликација Daikin Residential Controller, можете да ја поврзете вашата Perfera со Wi-Fi и да управувате со климатизацијата од секаде преку вашиот смартфон, а има можност и за управување со гласовна контрола преку Amazon Alexa или Google Assistant.
Квалитет на воздух
Perfera содржи неколку филтри за да овозможи внатрешен воздух со најголем квалитет.
Flash Streamer со помош на забрзани електрони активира хемиски реакции со честичките што се пренесуваат преку воздух и ги уништува алергените, како на пример полен, бактерии и габи, ги отстранува непријатните мириси и овозможува подобар и почист воздух.
Рамномерна распределба на воздухот
Двојниот проток на воздух на Perfera парапетната единица е совршен за да создаде идеално ниво на греење. Воздухот се насочува нагоре и надолу за да спроведе подеднакво топлина.
Тивко работење
Perfera користи специјално дизајниран вентилатор кој го оптимизира протокот на воздух и создава високa енергетска ефикасност при ниско ниво на звук. За уште поголема енергетска ефикасност, Daikin исто така дизајнираше нов вентилатор кој добро се вклопува во компактните димензии на Perfera. Заедно, вентилаторот и разменувачот на топлина произведуваат врвни енергетски перформанси, сепак работат на ниво на звук што е практично нечуено.
Енергетски ефикасни
Подобрениот дизајн на Perfera ја зголемува енергетската ефикасност уште повеќе во споредба со претходните модели. Достапна со технологијата Bluevolution за повеќе да се намали влијанието врз системот и напојувана од 80% обнова на енергија од воздух и 20% струја. Технологијата со инвертор овозможува заштеда на енергија дури за 30%.
Perfera може да се користи во поставување со една внатрешна единица во поврзување со една надворешна единица, или во апликација со повеќе внатрешни единици поврзани со една надворешна единица – Multi-Split.
Прочитајте повеќе за системите на Daikin на ликот подолу: daikin.mk
(ПР-текст)
Економија
Битиќи: Две германски компании ги прошируваат своите интереси

Одржан третиот состанок на заедничкиот економски управувачки комитет помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.
Соработката помеѓу двете земји продолжува да се развива, две германски компании ги прошируваат своите инвестиции, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„СР Германија е најважниот поединечен трговски партнер и голем поддржувач на Република Северна Македонија во евро-атлантските интеграции, со кој нашата земја има интензивна економска соработка, која од година во година е сè позначителна“, посочи Битиќи.
„Продолжуваме да ги негуваме односите помеѓу двете земји. За Република Северна Македонија соработката со Сојузна Република Германија и клучна и витална, од особено значење поради големиот број остварени соработки низ годините наназад, како и поради големиот волумен на трговска размена помеѓу двете земји. Веќе имаме две добри вести од две германски компании кои планираат проширување на своето производство на територијата на Република Северна Македонија, отворајќи нови работни места и придонесувајќи за економскиот раст, што е од големо значење за двете земји“, додаде вицепремиерот Битиќи.
Копретседавачот на заедничкиот управувачки комитет, номиниран од Министерството за економија и енергетика на СР Германија, Хелге Толксдорф, на состанокот ја претставил својата визија за работата на Комитетот, посочувајќи дека истиот покрива сериозни и неверојатно важни теми за двете земји, и токму затоа неговата работа треба да биде континуирана и постојана.
Од страна на германската делегација, биле изнесени одредени новитети за потенцијални нови инвестиции.
Била посочена и програмата за практична работа помеѓу двете земји, со која кандидати од нашата држава можат да се здобијат со работно искуство во германски компании и дека истото е од особено значење за концептот на дуално образование, во кое компаниите и училиштата соработуваат.
Економија
Комисија за хартии од вредност: Поради измама трајно му се одзема дозволата на „Ј.К. Морган и Велтх менаџмент “

Комисијата за хартии од вредност на итна седница поради измамнички и манипулативни дејствија донесе решение со кое трајно му ја одзема дозволата на друштвото за инвестиционо советување „Ј.К. Морган и Велтх менаџмен“т ДООЕЛ Скопје, чиј управител е Виктор Мисовски, соопштија од Комисијата.
Од таму информираат дека трајно му ја одземаат дозволата за работење и на лицето Дејан Делимитов, кој е овластен инвестиционен советник во друштвото.
Објаснуваат дека управителот на друштвото Виктор Мисовски противзаконски преправал оригинална исправа и таквата исправа ја употребувал како вистинска, со што има основано сомневање дека сторил кривично дело фалсификување исправа.
Истовремено, друштвото не ја одржувало основната главнина и потребните ликвидни средства во секое време, што е негова обврска согласно член 149 од Законот за хартии од вредност. Исто така, друштвото склучувало договори за непосредно управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент, за што нема дозвола од Комисијата, со што го прекршило член 172 од Законот за хартии од вредност и се вклучило во активности со кои ги доведувало во заблуда клиентите или, пак, имаат за цел нивна измама.
„Со цел да му се оневозможи на друштвото да прима нови уплати на парични средства, како и заради заштита на правата и на правните интереси на клиентите со веќе склучени договори, Комисијата за хартии од вредност донесе и решение за замрзнување парични средства на сметките на друштвото за инвестиционо советување ‘Ј.К. Морган и Велтх менаџмент’ ДООЕЛ Скопје во банките и во другите финансиски институции“, известуваат од Комисијата.
Од таму додаваат дека за утврдените злоупотреби извршени од „Ј.К. Морган и Велтх менаџмент“ ДООЕЛ Скопје, комисијата ги известила надлежните органи.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер