Економија
Азија ќе биде одредиште за третина од патничките авиони

Брзиот раст на средната класа во Азија ќе биде главен двигател на побарувачката за нови патнички авиони во следните 20 години и ќе и овозможи на Азија да ги престигне Северна Америка и Европа и да стане најголем пазар за воздушниот сообраќај, соопшти денеска Ербас.
Брзиот раст на средната класа во Азија ќе биде главен двигател на побарувачката за нови патнички авиони во следните 20 години и ќе и овозможи на Азија да ги престигне Северна Америка и Европа и да стане најголем пазар за воздушниот сообраќај, соопшти денеска Ербас.Европскиот производител на авиони предвидува дека азиско-пацифичкиот регион ќе зафати третина од патничките авиони што ќе бидат испорачани во следните две декади, во однос на една четвртина, колку што држел во текот на изминатите 20 години.Околу 8.560 нови патнички авиони, во вредност од 1.200 милијарди долари ќе бидат испорачани во Азија до 2029 година, изјавил претставникот на Ербас. Во целиот свет во истиот период ќе бидат испорачани 28.850 авиони.Целта на Ербас е да го задржи својот светски удел од околу 50 проценти, рекол претставникот, иако тоа ќе биде се потешко во соочувањето со зголемената конкуренција, како што се канадскиот Бомбардер, бразилскиот Ембраер и кинескиот Комак./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонската економија оди надолу, инфлацијата повторно расте, велат од СДСМ

„Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте. Во месец јануари, инфлацијата достигна 4,9 %, факт што го констатира и Меѓународниот монетарен фонд. Статистика измери дека трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%“, велат од СДСМ.
„Додека платите стагнираат, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и тие го носат целиот товар на неспособната власт.
И останатите економски параметри се лоши. Индустриското производство паѓа четири месеци по ред. Во декември имаше пад од -1,4%, во ноември -3,5%, во октомври -1,1%, а во септември цели -7,9%.
Буџетскиот дефицит за два месеци достигна рекордни 7,8 милијарди денари. Владата троши многу повеќе отколку што прибира.
Јавниот долг веќе е над 70% од БДП. Прашањето е дали владата заглави и нема пари па ги троши парите од Унгарскиот кредит за други намени?
Секој ден гледаме како цените растат, а платите стојат во место. Владата вети просперитет, но донесе нова економска криза“, соопшти СДСМ.
Економија
Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства-МАНУ со предлог стратегија во Министерството за енергетика

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се одржа состанок на кој академици од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ја презентираа новата предлог Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на Владата. Делегацијата на МАНУ беше предводена од академик Блажо Боев и научниот соработник Александар Дединец.
Стратегијата има за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.
Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нивниот придонес во изработката на овој стратешки документ.
Академик Боев посочи дека стратегијата е резултат на темелни истражувања и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Дединец додаде дека документот е усогласен со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Присутните на состанокот се согласија дека успешната реализација на стратегијата ќе зависи од блиската соработка меѓу институциите, научната заедница и приватниот сектор, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој на рударскиот сектор во земјата.
Економија
Mint App – сега и на Apple Store!

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп.
Mint App – сега и на Apple Store!
Сите финтек услуги на Mint FinTech Group – сега достапни за корисниците на iPhone!
Брз пристап до кредити, осигурување, патувања, награди и девизен курс – сè на едно место.
Преземете ја денес: mint.com.mk/mintapp
ПР