Контакт

Економија

Пропаднаа надежите на Русија за помала инфлација

Објавено пред

Глобалната криза со храната и немирите во регионите богати со нафта на Блискиот исток најверојатно ќе ги закопаат надежите на руската влада и оваа година да ја задржат инфлацијата на најниско ниво досега, пренесува Риа Новости

dobivaj vesti na viber

Глобалната криза со храната и немирите во регионите богати со нафта на Блискиот исток најверојатно ќе ги закопаат надежите на руската влада и оваа година да ја задржат инфлацијата на најниско ниво досега, пренесува Риа НовостиВладата очекува инфлацијата на цените на стоката за широка потрошувачка оваа година да падне на 6 до 7 проценти оваа година, од 8,8 проценти минатата година, но цените веќе пораснаа за 3,2 проценти во првите два месеца на 2011 година.Аналитичарите велат дека уништувачките бури и суши кои ги погодија водечките производители на земјоделски добра во светот, вклучувајќи ги Австралија и САД и сушата во Русија од минатото лето ќе имаат најголемо влијание врз цената на храната.„Глобалните цени на храната продолжуваат да растат. Ова значи дека цените на храната во Русија повторно ќе пораснат за еден или два месеца“, вели аналитичарката на „Алфа банка“, Наталија Орлова.Таа очекува вкупниот раст на цените во 2011 година да биде 8 проценти, со тоа што растот во првата половина на годинава ќе биде многу поголем. /крај/риа/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Македонската економија оди надоле, инфлацијата повторно расте, велат од СДСМ

Објавено пред

„Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте. Во месец јануари, инфлацијата достигна 4,9 %, факт што го констатира и Меѓународниот монетарен фонд. Статистика измери дека трошоците на живот во јануари пораснаа за 4,9%, а индексот на цени на мало за 5,2%“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Додека платите стагнираат, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и тие го носат целиот товар на неспособната власт.

И останатите економски параметри се лоши. Индустриското производство паѓа четири месеци по ред. Во декември имаше пад од -1,4%, во ноември -3,5%, во октомври -1,1%, а во септември цели -7,9%.

Буџетскиот дефицит за два месеци достигна рекордни 7,8 милијарди денари. Владата троши многу повеќе отколку што прибира.

Јавниот долг веќе е над 70% од БДП. Прашањето е дали владата заглави и нема пари па ги троши парите од Унгарскиот кредит за други намени?

Секој ден гледаме како цените растат, а платите стојат во место. Владата вети просперитет, но донесе нова економска криза“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Како Македонија ќе ги искористи минералните богатства-МАНУ со предлог стратегија во Министерството за енергетика

Објавено пред

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се одржа состанок на кој академици од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ја презентираа новата предлог Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на Владата. Делегацијата на МАНУ беше предводена од академик Блажо Боев и научниот соработник Александар Дединец.

dobivaj vesti na viber

Стратегијата има за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството на Република Македонија. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.

Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нивниот придонес во изработката на овој стратешки документ.

Академик Боев посочи дека стратегијата е резултат на темелни истражувања и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Дединец додаде дека документот е усогласен со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Присутните на состанокот се согласија дека успешната реализација на стратегијата ќе зависи од блиската соработка меѓу институциите, научната заедница и приватниот сектор, со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен развој на рударскиот сектор во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Mint App – сега и на Apple Store!

Објавено пред

Позитивно известување за сите корисници на услугите на Минт Финтек Груп.

dobivaj vesti na viber

Mint App – сега и на Apple Store!


Сите финтек услуги на Mint FinTech Group – сега достапни за корисниците на iPhone!

Брз пристап до кредити, осигурување, патувања, награди и девизен курс – сè на едно место.


Преземете ја денес: mint.com.mk/mintapp

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и...

Топ52 минути

(Фото) Откриена и одземена поголема количина на прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ53 минути

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа2 часа

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад, додека се...

Свет4 часа

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави Ројтерс. Израел прими четири тела,...

Свет4 часа

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет4 часа

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...

Македонија13 часа

Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на...

Свет14 часа

Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен...

Свет17 часа

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до...

Македонија18 часа

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови...

Македонија20 часа

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции, кои се казнети со глоба...

Македонија21 час

Матичните штрајкуваат поради измените во „Мој термин“, од Министерството за здравство велат дека верификувањето на телефонскиот број на пациентите е еднократно

Матичните лекари денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк поради новите измени во системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватните матични...

Македонија21 час

Ме обвинуваа дека сум анти-Америка, а сега им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на Трамп, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека СДСМ немаат кридибилитет да зборуваат за надворешната политика, по понижувањата на коишто ја изложија државата....

Македонија22 часа

Филипче за резолуцијатa во ОН: Владата ја води надворешната политика без компас и стратегија

Конфузна, импровизирана и без компас е надворешната политика што Владата ја води по последните случувања во Обединетите нации поврзани со...

Топ22 часа

Тинејџер од Куманово со „ауди“ се заби во бетонска ограда од куќа, тешко повреден

На регионалниот пат кон Матечје, Липково, 16-годишен кумановец возејќи „ауди“ удри во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни...

Македонија23 часа

(Видео) Пред Кривичен се бара правда за Феликс: Држава што не превенира и не санкционира охрабрува насилство!

Пред Кривичниот суд во тек е протест на кој се бара правда за кучето Феликс, кое беше претепано со метална...

Македонија1 ден

Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно...

Свет1 ден

Излегуваат детали за клучниот договор меѓу Украина и САД

Киев се согласи со условите на договорот за минерали за ретки земји со САД и украинскиот претседател Володимир Зеленски би...

Свет1 ден

(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена...