Економија
Шест организации од Македонија за наградата на ERSTE
Шест организации од Македонија влегоа во потесен избор за наградата на ERSTE Фондацијата за општествена интеграција 2011, покрај 133-те проекти од вкупно 1.850 испратени пријави од 12 земји
Натпреварувањето за Наградата на ERSTE Фондацијата за општествена интеграција 2011 се одвиваше во најостра конкуренција до сега. Од 12 земји пристигнаа над 1850 проекти, во тек на три и пол месеци на траење на конкурсот. Изборните комисии внимателно ја спроведоа оценката и избраа 133 проекти од сите 12 земји кои учествуваа. (Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија). Од Македонија во потесниот избор за оваа престижна награда влегоа проектите „Големи и мали“ – „Големи и мали“, Скопје; Cycling the globe – ability challenge – Здружение на граѓани ГАИА Скопје; „Моќта на Уметничкото Соединување“ – Моќта на Уметничкото Соединување, Скопје; Mladiinfo – www.mladiinfo.com – FEJS Macedonia, Скопје; Social Partnership in responsible society – Polio Plus – movement against disability, Скопје и Кретивни умови создаваат можности за работа – Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“ – Радовиш, Радовиш.„Процесот на селекција за нас секогаш претставува предизвик, имајќи предвид дека примаме многу добри проекти кои се занимаваат со темите на општествената интеграција. Во времиња на криза, непрофитните организации мораат да пронајдат нови начини на дејствување, како и алтернативни начини на финансирање, за да можат да продолжат со давањето помош и интергација на маргинализираните општествени групи“, изјави Дејан Петровиќ, менаџер на проектот Награда на ЕRSTE Фондацијата за општествена интеграција.Тим од експерти на ЕРСТЕ Фондацијата од 15 март до 30 април, со цел натамошна евалуација, ќе ги посети проектите кои влегоа во потесен избор во сите 12 земји. После тоа, сите 120 проекти ќе му бидат претставени на меѓународното жири кое ќе избере 30 победници. Наградите ќе им бидат врачени на победниците на церемонија која ќе се одржи во Прага на 20 јуни 2011 г.Триесет победници ќе ја поделат наградата со вкупен износ од 610 илјади евра, но и сите организации кои влегоа во потесниот избор ќе имаат корист. Покрај финансиската помош на ЕРСТЕ Фондацијата, PR консултантите ќе им пружат двегодишна поддршка во односите со јавноста, а ќе имаат прилика и да учествуваат во работилниците за изгардба на капацитетите (развој на општествено претприемаштво како алтернативен начин на финансирање, изградба на односи со медиумите, стекнување вештини во општествените медиуми). Покрај тоа, ќе им биде овозможено и присуство на веб сајтот на мрежата на ЕРСТЕ Фондацијата за општествена интеграција: www.socialintegration.org/network.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)

