Економија
ЈАТ: Евтини билети за 28 дестинации

„Јат ервејс“ од денес до 4. април, пушти во продажба поволни повратни билети за 28 евромедитерански градови, соопштија од авиокомпанијата.
„Јат ервејс“ од денес до 4. април, пушти во продажба поволни повратни билети за 28 евромедитерански градови, соопштија од авиокомпанијата.
Како што пренесе Танјуг, евтините билети можат да се купат за патувања од 28.март до 15 јуни, со исклучок на периодот од 15.април до 2.мај.
Патниците од Скопје ,Подгорица и Сараево за 189 евра ќе добијат повратен билет кон сите редовни дестинации во Европа.
За време на промотивната акција повратен билет од Белград за Виена изнесува 89 евра, за Дубаи 289. евра. По цена од 99 евра може да се купи повратен билет за Подгорица, Тиват, Скопје, Сараево, Солун, Трст, Берлин, Штутгарт, Дизелдорф и Рим.
До Милано, Истанбул, Цирих и Франкфурт и назад, билетот чини 129 евра а за Атина, Амстердам, Брисел , Копенхаген, Париз, Лондон за 159 евра./крај/тн/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Заев на изградбата на далекуводот Штип-Овче Поле: Инвестираме во енергетската инфраструктура и се поврзуваме со регионот

Изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, е само дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електро-преносната мрежа на Република Северна Македонија. Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далекуводи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години. Се вложува со над 15 милиони евра за изградба на над 130 километри нови далекуводи, истакна премиерот Зоран Заев кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани и претставникот на Европската банка за обнова и развој, Анди Аранитаси, го означија почетокот на нова значајна инвестиција на МЕПСО.
Премиерот Заев рече дека ова е уште една потврда за посветеноста во реализација на ветените развојни проекти и заложбите за инвестиции во енергетската инфраструктура кои на долг рок значат подобрување на животниот стандард.
„ Со реализација на предвиденото, ја јакнеме преносната мрежа и создаваме погоден инфраструктурен амбиент за сите потенцијални инвеститори кои можат и знаат како да ги искористат економските потенцијали во нашата земја. Оваа инвестиција, ќе донесе бројни придобивки како за населението, така и за реалниот сектор. Новата и модернизирана преносна мрежа значи инвестиција во подобро утре и олеснување на животот и работата на населението. Дополнително, во целата наша земја се одвиваат активности за реализација на големи капитални проекти“ изјави Заев и упати честитки за посветената работата на градежниците, на компаниите изведувачи, надзорниот орган како и на континуираната поддршка на Европската Банка за Обнова и Развој за реализација на овие проекти.
Министерот Бочварски нагласи дека во услови кога со децении ништо не е инвестирано во преносната мрежа, оваа Влада, заедно со стручниот тим на МЕПСО инвестира во реконструкција и модернизација на шест далекуводи од преку 130 километри.
„ Изминатата година целосно се завршени обемните реконструкции на трафостаниците Валандово, Осломеј, Дуброво и Прилеп, а во тек е реконструкција на транфостаниците во Битола, Струмица, Вруток и Скопје 4. Ова е доказ дека остануваме целосно посветени на изградба на стабилен електропреносен систем во државата. Инвестициите во електро преносниот систем се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата“, изјави Бочварски.
Генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани истакна дека со оваа инвестиција се спроведува стратешката цел на Владата, а тоа е транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кон обновливи извори на енергија. Дополнително додаде тој, на овој далекувод, во иднина ќе биде приклучена ветерната централа „Богословец” со инсталирана моќност од 36 МW.
Претставникот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија, Анди Аранитас ја поздрави посветеноста на Владата за имплементација на Зелената агенда во Стратегијата за енергетика со фазно деактивирање на термоцентралите, Осломеј и во Битола, како и целокупната декарбонизација на земјата, во согласност со барањата на Европската Зелена агенда и Парискиот договор.
Економија
ОН: Цените на храната на највисоко ниво во последните шест и пол години

Цените на храната во февруари се зголемија деветти месец по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2014 година, поттикнато од поскапувањето на шеќерот и растителните масла, објави денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).
Цените на шеќерот скокнале поради загриженоста за снабдувањето, предизвикано од падот на производството, во сезоната 2020/2021, во водечките земји произведувачи и поради силната побарувачка во Азија.
Индексот на цени на растителното масло достигна највисоко ниво од април 2012 година, како одраз на растот на цените на палминото масло поради ниските залихи во земјите кои важат за големи извозници.
Во јануари, поскапеле и млекото и млечните производи и житарките за 1,7 односно 1,2 проценти, на месечно ниво.
Економија
Митреска: Македонската економија во корона-кризата подобра во однос на земјите од регионот

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата нa тема „Монетарната политика во 2021 година“.
Учесниците на дискусијата, како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, разговарале за прашања поврзани со последиците од корона-кризата врз економскиот раст во изминатата година и економските изгледи за оваа година, а особено биле разгледани досегашните монетарни мерки и очекувањата за монетарната поставеност во следниот период.
Во своето излагање Митреска истакна дека и во услови на корона-криза македонската економија поминува релативно подобро во однос на дел од земјите во регионот.
„Со олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот и повторното активирање на глобалните синџири на производство, падот на економијата во втората половина од годината значително забави. Со оглед на вклученоста во глобалните синџири на производство и со помалото учество на услугите во вкупните текови, економијата на кус рок полесно го издржа товарот на кризата“, посочи вицегувернерката.
Во однос на изгледите за оваа година на панел-дискусијата беа посочени очекувањата за закрепнување, задржување на поволните финансиски услови и натамошно зајакнување на довербата, што ќе има позитивни преносни ефекти и врз домашната економија.
„Слично како и другите централни банки, Народната банка во 2020 година обезбеди монетарен стимул и регулаторна флексибилност, со што ѝ даде важна поддршка на економијата преку олабавување на финансиските услови и обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем“, истакна Митреска во поглед на прашањето за монетарната политика.
Во однос на идната монетарна поставеност, вицегувернерката посочи дека монетарната политика и натаму ќе биде олабавена како поддршка во процесот на закрепнување на економијата и одржување на кредитниот циклус, а во услови на комфорно ниво на девизните резерви. Таа истакна дека задржувањето на кредитниот циклус е одраз и на поволната ликвидносна и капитална позиција на банкарскиот систем.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер