Економија
Прв лет на новиот Боинг 747-8

Најновиот и најголем патнички авион на компанијата „Боинг“ го изврши првиот лет во рамки на подготовките на компанијата џиновскиот млазен авион да го подготви за продажба до крајот на годината, пренесува Асошиејтед прес.
Најновиот и најголем патнички авион на компанијата „Боинг“ го изврши првиот лет во рамки на подготовките на компанијата џиновскиот млазен авион да го подготви за продажба до крајот на годината, пренесува Асошиејтед прес.
По четиричасовниот лет од Еверет до Сиетл, прв во програмата за летање што ќе трае до есен, пилотите информирале дека новиот Боинг 747-8 е „перфектен“ и „подготвен да лета уште сега“.
Авионот, кој има нова конструкција на крилата, може да прими 467 патници и да прелета преку 14.000 километри.
Компанијата очекува испораките да почнат до крајот на 2011. година. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Кулебанова: Поддршката за жените претприемачи недоволна

Сојузот на стопански комори на Македонија, Здружението на бизнис-жени и Федерацијата на фармери покренуваат иницијатива за формирање посебен фонд за финансиска поддршка на женското претприемништво со барање да се овозможи изготвување на родово поделени статистики за справување со проблемите од кризата и да се креираат специфични мерки за заздравување на женското претприемништво.
„Женското претприемништво може да даде значен придонес во поттикнување и развој на претприемништвото и економијата воопшто, но за таа цел неопходна е вистинска поддршка за преживување во услови на криза“, објаснуваат засегнатите.
Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис-жени, изјави дека во услови на пандемија, кога значително се променети условите за работа, женското претприемништво претрпе сериозни последици, кои, за жал, не се комуницираат од институциите, а поддршката е недоволна и многу често недостапна за претпријатијата во сопственост на жени.
„Деловната активност на жените е најчесто во микро и мал сегмент кој е на стаклени нозе и се покажа за особено ранлив во услови на криза како оваа предизвикана од пандемијата. Во изминативе години работевме на зајакнување и зголемување на овие претпријатија, некои имаа поголем, некои помал напредок, но тој напредок се изгуби со пандемијата.Товарот на згрижување на фамилијата, учење од дома и работа од дома најчесто паѓа на жените претприемачи кои водат микро и мали претпријатија“, изјави Дисоска.
Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, истакна дека проблемите со кои се соочуваат жените од руралните средини, како социјална исклученост, невработеноста, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, ограничени пристапи и понуда на образование, станаа многу видливи за време на пандемијата. Според неа, околу 64% од жените во руралните средини не се активни на пазарот на трудот заради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47% од невработените жени во руралните подрачја вршат неплатена работа во семејни фарми.
Габриела Кулебанова, потпретседател на Сојузот на стопански комори, истакна дека жените имаат потреба од ефективна поддршка сега повеќе од кога и да било.
„Во досегашните пакети за економска помош имаше многу скромна поддршка за овој важен сегмент на економијата“, напомена Кулабанова.
Економија
Исплатени 23,5 милиони евра од кредитната линија „Ковид 3”

Од бескаматната кредитна линија „Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5 март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик, соопшти Развојната банка.
Со други зборови, заклучно вчерашниот ден се исплатени 96,7% од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.
Досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.
Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.
Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.
„Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра“, се наведува во соопштението.
Економија
(Видео) Заев: Повеќе од 30 проценти од произведената енергија е од обновливи извори

Триесет проценти од произведената енергија е од обновливи извори на енергија и тука сме блиску до европскиот просек, истакна премиерот Зоран Заев.
„Со инвестиции во обновливи извори на енергија имаме основани причини дека ќе постигнеме повеќе од 50% на севкупното производство на енергија да бидат од обновливи извори на енергија“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на тема енергетика.
Според него, целосното прилагодување и промена на јагленот како главен извор на производство на енергија со обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во државата.
Заев потсети дека сериозни капацитети и ресурси се насочени кон оваа дејност и, како што додаде, тоа се најголемите инвестициски потенцијали што во моментов се случуваат ќе се случуваат во следните години.
Премиерот Заев објасни дека најбрза инвестиција за најбрз можен начин за раст на БДП е инвестицијата во енергија посебно во обновливите извори на енергија.
„Овде спаѓаат фотоволтаиците, за кои во моментот најмногу се инвестира. Сакам да знаат граѓаните дека тие не одат веќе со фидинг тарифи, ниту со премиум тарифи, туку одат слободни на пазар. Вториот аспект се ветерниците во државата, каде се постави инвестиција вредна преку 500 милиони евра. Издадовме три лиценци за коишто се извадени веќе одобренија за градба, односно 30 мегавати во Богданци, 36 во Свети Николе и во Демир Капија уште 30-тина мегавати, значи некаде околу 100 мегавати се произведуваат само преку ветерници“, рече премиерот.
Заев истакна дека очекува тендерот за Чебрен да биде успешен поради добрите услови кои ги дава државата за обновливи извори на енергија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“