Економија
25 години успешно деловно работење: „Рехау“ отвори нов изложбен салон во Македонија
РЕХАУ Македонија прослави 25 години успешно деловно работење со отворањето на новиот деловен објект со интегриран изложбен простор, прв од ваков вид за компанијата во земјава. Салонот кој се наоѓа во населбата Илинден, во близина на Скопје, е уреден во модернистички стил кој овозможува лесно претставување на асортиманот на РЕХАУ, како и на визуелно запознавање со решенија за прозорци и врати, решенија за површинско греење и ладење и водоводни инсталации во објекти, решенија мебелската индустрија. Креирајќи услови производите на РЕХАУ да се подостапни за потенцијалните клиенти и партнери, заинтересираните посетители на салонот ќе имаат можност да го разгледаат секое решение, детално да се запознаат со него и со придобивките од неговото користење.
Изложбениот салон и деловниот објект се круната на четвртина век успешно работење на РЕХАУ во Македонија, но и своевидно одбележување на 75 годишнината од основањето на германската компанија РЕХАУ, која брендот ја прославува годинава. Со над 22.000 вработени на 170 локации во 54 земји низ целиот свет, Групацијата РЕХАУ е еден од глобалните премиум брендови за решенија кои се засноваат на полимери во градежниот, автомобилскиот и
индустрискиот сектор ширум светот.
Новото поглавје за компанијата на македонскиот пазар, кое почнува со новата локација на компанијата го демонстрира и растот и развојот на РЕХАУ Македонија, која е една од водечките премиум брендови за полимерни решенија во домашниот градежен сектор. Улога која би била невозможна без партнерите и клиентите на РЕХАУ Македонија, објаснува Сашко Даев, директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

„Oваа 2024 година за нас е значајна пресвртница, затоа што после две и пол децении на македонскиот пазар влегуваме во нова фаза од нашата приказна, на нова локација и со нов деловен простор. Преку нашите претставништва во Тирана и Приштина, за кои во Групацијата е надлежна Рехау Македонија, нашите производи се достапни во трите земји приближувајќи го врвниот премиум квалитет на РЕХАУ до крајниот корисник. Во нашиот фокус е раст на
портфолиото на производи кои ги нудиме на трите пазари и преку нашите партнерски мрежи и клиенти да ги позиционираме производите на овие пазари. Денес поставуваме основа за иден раст и развој, која ќе биде од полза на сите нашите партнери и клиенти, кои имаат значајно место во досегашниот раст. Нашиот бренд е изграден врз иновации, поместувајќи ги границите на технолошки напредок и фокусирајќи се на одржливоста за идните генерации. Ова се вредности кои ги делиме со партнерите, клиентите, но и крајните корисници на нашите производи.
Сите заедно оставивме незаменлив отпечаток врз она што денес РЕХАУ го претставува на македонскиот, албанскиот и косовскиот пазар, водени од принципите на одржливо работење. Овие вредности се пренесуваат на сите пазари и преку иновативните производи како што е новата генерација прозорски профили ARTEVO и како и најновата фузија на REHAU со MEPA. Со нив правиме и еволуциски исчекор кој ја трансформира индустријата за подобро утре“, вели Сашко Даев, директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

Целта на РЕХАУ е да се олесни и подобри животот на крајниот корисник. Овие вредности се пренесуваат и во Македонија. Компанијата РЕХАУ е присутна на македонскиот пазар од 1999 година со полимерни решенија за градежништвото, и решенија за индустријата за мебел.
Останува да биде лидер во сегментот на премиум производи за полимерни решенија нудејќи различни решенија за подобро живеење.

Тим од експерти, со своето големо знаење и посветеност, поучени од искуството, но почитувајќи ја традицијата, ги исполнуваат барањата на секој поединец на пазарот, а резултатите што ги постигнува компанијата се во исто време вредности со кои РЕХАУ Македонија живее: иновации, сигурност и доверба. Тие ја обликуваат работата, културата и однесувањето внатре во компанијата, но се пренесуваат кон клиентите преку партнерската мрежа. Нашата цел е: Инжинерски напредок. Подобрување на живеењето (Engineering progress. Enhancing lives)
Прозорски систем REHAU ARTEVO
ARTEVO комбинира бројни предности во револуционерно решение за експерти од индустријата. Станува збор за нова генерација на веќе добро познатиот прозорски систем GENEO, со армирани стаклени влакна, кој е во исто време визионерски, единствен на пазарот, продуктивен и одржлив. Со оптимизираната употреба на материјалот со високи перформанси RAU-FIPRO X, ARTEVO ги редефинира границите во однос на големината. Интеграцијата на композитниот материјал со влакна во целиот дел од профилот обезбедува рамномерен и сигурен пренос на товарот. Засилените јачински зони во надворешните ѕидови му обезбедуваат дополнителна стабилност, торзиона ригидност и климатска стабилност.
Предѕидни системи MEPA nextVIT
Новата генерација на предѕидна инсталација MEPA NextVIT нуди оптимизирана и лесна инсталација. NextVIT е добро осмислен комплетен систем. Со новите функции EasyConnect за брзо склопување без алатки и голема флексибилност при употреба, MEPA nextVIT го обезбедува она што ви треба: едноставна, лесна и непречена инсталација. Има предѕидни елементи за секоја област на примена и сите варијанти на инсталација, сигурно казанче, широк спектар на типки за испирање и новодизајниран систем на шини за побрза работа.
Тука е и револуционерната технологија nexVIT Air WC која работи со извлекување наместо со рециркулирање на воздухот за да ја извлече миризбата – без одржување и дополнителни трошоци.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

