Контакт

Економија

Клаус: На Чешка не и треба еврото

Објавено пред

Чешкиот претседател Вацлав Клаус го критикуваше Пактот за еврото што изминатата недела го договорија лидерите на членките на Европската унија и побара од владата да не се залага за влез на Чешка во еврозоната.

dobivaj vesti na viber

Чешкиот претседател Вацлав Клаус го критикуваше Пактот за еврото што изминатата недела го договорија лидерите на членките на Европската унија и побара од владата да не се залага за влез на Чешка во еврозоната.„Состанокот во Брисел на 25 март не беше ништо друго од радикално ограничување на суверенитетот на земјите членки“, изјави Клаус.Тој ги обвини европските лидери дека ја злоупотребиле економската криза за да спроведат натамошна унификација на Европската унија кон фискална унија.Тој смета дека создавањето на заедничка европска валута во нехомоген економски простор било преурането. Според Клаус, токму еврото би можело да биде причина за должничка криза и дестабилизација на Европа.Единствено Чешка, Велика Британија, Унгарија и Шведска одлучија да не пристапат во пактот за еврото, што беше потпишан изминатиот петок во Брисел.Ова значи дека Европската унија во само тие четири држави членки нема да може да ја надгледува одржливоста на пензискиот систем или висината на платите.„Ставот на премиерот Петр Нечас за сега да не влеземе во пактот за еврото е исправен и треба да го поддржиме, но треба да дефинираме каква форма на европска интеграција сакаме, за да секој чешки преговарач има јасна позиција“, рече Клаус.  /крај/б92/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Објавено пред

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може да продолжи, најави денес заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој смета дека со сите досегашни мерки трговците ја научиле лекцијата и нема вештачки да ги креваат инфлацијата и цените.

dobivaj vesti na viber

Првин ќе видиме какви конечни резултати даде мерката. Од она што го имавме досега од Државниот завод за статистика, резултатите беа добри, ги знаете податоците, но крајните резултати ги чекаме наредната недела.

„Ако има потреба, би продолжиле со мерката, ако нема, тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените. Се надевам дека поучени од минатото сите оние учесници во синџирот на трговијата ја научија лекцијата дека, пред сè, треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард. Ние сите заедно треба да направиме сè за да го заштитиме стандардот на граѓаните, односно да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и на цените кога нема економски услови за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата“, рече заменик-министерот Ристески.

Според досегашните податоци од Државниот завод за статистика, досегашната мерка, според Ристески, дала добри резултати, но за одлука дали таа ќе продолжи, ќе ги почекаат конечните резултати. Тие ќе бидат готови следната недела.

Во февруари годинава, Владата, за да го заузда покачувањето на цените, донесе одлука за ограничување на профитните бруто- маржи на над 1.000 прехранбени производи и средства за хигиена со важност до крајот на април.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел посветен на зајакнување на стратешката енергетска соработка на Балканот, заедно со министри и регулатори од целиот регион. Во фокусот на дискусијата беа регионалната енергетска безбедност, забрзаната транзиција кон чисти извори на енергија и заедничкиот одговор на глобалните предизвици.

„Регионалната соработка за нас не е избор, туку стратешка нужност. Денес, повеќе од кога било, Балканот треба да биде обединет во обезбедувањето сигурна, одржлива и зелена енергетска иднина“, порача министерката Божиновска.

Таа нагласи дека Северна Македонија, иако мала по големина, е посветен и активен играч на регионалната енергетска сцена, преземајќи конкретни чекори кон либерализација на пазарот на електрична енергија, масовни инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

„Веќе инвестираме во нови фотоволтаични електрани, го прошируваме ветерниот парк Богданци и ја градиме енергетската мрежа на иднината – со паметни технологии, подобрена ефикасност и поврзување со соседните земји. Само така можеме да создадеме вистински функционален регионален пазар“, истакна Божиновска.

Министерката посочи дека клучот за енергетска безбедност е комбинација од државни инвестиции во базични капацитети и активно вклучување на приватниот сектор. Според неа, Северна Македонија веќе бележи голем интерес од приватни инвеститори за изградба на ветерни и соларни капацитети, со вкупно поднесени барања за приклучување од 9.500 MW.

„Нашата стратегија е јасна: државата обезбедува сигурност, приватниот сектор носи иновации и дополнителна сила за зелената транзиција“, додаде Божиновска.

Во своето обраќање, министерката го најави и новиот Закон за енергетика, кој е во парламентарна процедура, а кој треба да создаде уште посилна основа за инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетскиот сектор.

Божиновска упати јасна порака дека енергијата денес е многу повеќе од ресурс – таа е темел за економски раст, енергетска независност и отпорност на глобалните предизвици.

„Енергијата е основата на иднината што сакаме да ја изградиме. Отворени сме за нови партнерства, за споделување знаење и заедничко креирање на регион кој ќе биде пример за Европа“, заклучи министерката Божиновска.

Балканскиот Енергетски Самит годинава обединува над 40 говорници, меѓу кои министри, регулатори и водечки енергетски компании, и се наметнува како клучна платформа за отворање на нови стратешки партнерства и инвестиции во енергетскиот сектор на Балканот.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска – Ханиг: Народната банка презема мерки за поттикнување на зелените финансии

Објавено пред

Од

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во Вашингтон оствари средба со извршниот директор на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), Алфред Ханиг, на којашто се разговараше за залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги коишто ќе обезбедат премин кон еколошки одржлива економија.

dobivaj vesti na viber

На средбата акцентот беше ставен на идните развојни политики за зелена финансиска вклученост, чијашто цел е да се поттикне приватниот сектор да понуди услуги и да преземе активности коишто се насочени кон градење отпорност на потенцијалните ефекти од промените на климата.

Гувернерката во разговорот истакна дека Народната банка воспостави стратегиски пристап кон зелените финансии преку подготовка на првата Стратегија за поттикнување на зелените финансии, којашто вклучува повеќе активности за намалување на климатските ризици и поддршка на одржливиот развој. Таа посочи дека овој пристап ја потврдува определбата за систематска и долгорочна интеграција на климатските фактори во финансиската стабилност и политиките на централното банкарство.

„Промените коишто ги иницираме имаат за цел не само да ја унапредат отпорноста на банкарскиот систем, туку и да обезбедат поддршка за економијата во процесот на декарбонизација и енергетска ефикасност“, посочи Ангеловска-Бежоска. Таа наведе дека заради транспарентност, Народната банка воведе регулативни барања поврзани со објавувањето податоци за зелените кредити и за изложеноста на банките на климатски ризици, со што се поставува основа за редовно информирање на јавноста за придвижувањето на финансискиот сектор кон зелени практики.

„Како дел од нашите заложби, го објавивме и првиот преглед на зелени финансии – сеопфатен документ што ги опфаќа статистичките податоци и показателите за животната средина, енергетиката, климатските ризици и зелените финансии. Покрај ова, преку активно учество во Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем (НГФС), експерти од Народната банка учествуваа во изработката на Водичот за обелоденување на ризиците и можностите поврзани со климатските промени за централните банки, што претставува важен чекор кон градење светска регулативна рамка во оваа сфера“, истакна Ангеловска-Бежоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија2 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија2 часа

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија4 часа

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...

Македонија5 часа

Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“

Во Собранието почна расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица....

Македонија6 часа

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на...

Македонија6 часа

„Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

„Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме другарите“, „Селективна одговорност е неодговорност“,...

Економија7 часа

Ристески не очекува поскапувања од четврток: Се надевам дека трговците ја научија лекцијата

Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може...

Македонија7 часа

Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатната кандидатка од регионот на Западен Балкан, кој може да стане нова членка на Европската Унија за...

Македонија7 часа

ОПМ: Треба алатка за споредување на цените на производите за граѓаните да знаат каде може да ги купат поевтино, објавените списоци не се доволни

По објавувањето на списоците со цени на сите производи во маркетите, неопходно е да се направи нова алатка, која на...

Свет9 часа

Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата

Дали Бујар Османи го презеде лидерското место во ДУИ, а Али Ахмети се повлече? Дали станува збор за внатрепартиски договор,...

Македонија9 часа

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?

Додека јавноста реагира за скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски, кој дивееше на скопските улици, а беше ослободен од...

Свет10 часа

Победа на либералите во Канада

Канадската Либерална партија, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, велат канадските медиуми,...

Свет10 часа

Шпанија и Португалија повторно имаат струја

Елекетричната енергија е обновена речиси целосно низ Шпанија и Португалија по вчерашниот масовен прекин што предизвика хаос во двете земји....

Македонија11 часа

„Марш за ангелите“ – семејствата на жртвите во пожарот во Кочани на протест во Скопје

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за денеска најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје. „Ние заслужуваме одговори,...

Свет22 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на електричната енергија

Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија. Шпанскиот оператор за електрична...

Македонија24 часа

Гаши засега ќе се воздржи од коментари за претседателката на Антикорупциска

Во врска со актуелните настани поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, од кабинетот на...

Свет1 ден

Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е...

Македонија1 ден

Обвинителството ги кани на средба семејствата на жртвите од Кочани пред протестот најавен за утре

Јавното обвинителство кани на средба претставници на семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои би сакале подетално да се...