Контакт

Економија

Предложен нов директор во Хотели „Метропол“

Објавено пред

Најголемата шпедитерска компанија „Фершпед“ го предложи Зоран Михајлоски за нов член на одборот на директори во Хотели „Метропол“.

Најголемата шпедитерска компанија „Фершпед“ го предложи Зоран Михајлоски за нов член на одборот на директори во Хотели „Метропол“. Компанијата предлага и да им се продолжи мандатот на старите директори Драган Наков (син на Штерјо Наков) и Горан Ташков, како неизвршен и независен член. Одлуката би требало да биде донесена на редовното годишно акционерско собрание на Хотели „Метропол“, кое треба да се одржи на 7. април оваа година.„Фершпед“ е мнозински акционер во Хотели „Метропол“, каде што поседува 71,01 отсто од обичните акции. Приоритетните акции на „Метропол“ се во сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.Во октомври 2008 година најголемиот акционер на „Фершпед“, Штерјо Наков, човекот кој со години е на чело на компанијата, својот сопственички удел им го подари на двата сина. Драган и Сашо Наков сега имаат по малку повеќе од 11 отсто во „Фершпед“, или вкупно малку над 22 проценти. /крај/пд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Нептун и LG со искрена видео порака го честитаат Денот на жената

Објавено пред

Колку љубов и искрени насмевки може да собере едно срце? Со неповторливите моменти со најблиските, секојдневно креираме приказни, кои нè потсетуваат на бесценетата улога кои ја имаат во нашите животи.

Жената која по сопствен избор има моќ да биде и поединечно и одеднаш и борец, и лидер, и мајка, и сопруга, и пријател, дефинитивно го заслужува нашето внимание и почит. Тоа ја прави уште посилна за сите нови предизвици со кои дел по дел секојдневно успева да го направи светот поубав за сите.

Нептун, како компанија која ja вреднува жената и еднаквоста, и дава голема поддршка за нејзиниот удел во општеството, заедно со LG, преку искрена видео порака испраќа благодарност до сите жени и мајки.

Сара Мејс, Димитар Атанасовски и Илина, за Интернационалниот ден на жената во кампања поддржана од LG, испратија искрена честитка до нивната мајка, баба и свекрва, поддржувајќи ја жената како симбол на сите безгрижни мигови и среќни моменти. Нептун и LG и овојпат, на иновативен и практичен начин нè потсетуваат дека и во време на новото нормално, технологијата ни овозможува лесно комуницирање со семејството и пријателите.

Дека вистинската љубов не познава граници, сведочи ова видео и ангажираноста на Нептун и LG, секогаш да нè потсетат дека секој момент заслужува да биде овековечен со нешто ново и уникатно.

Заблагодарете им се на жените, сопругите и мајките во вашиот живот и покажете им колку ги сакате. Нептун и LG секогаш ќе бидат тука да ви помогнат во изборот на изненадувања со помош на иновативната палета на модерни и квалитетни производи.

ПР-текст

Прикажи повеќе...

Економија

Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

Објавено пред

Граѓани, компании и институции лани купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди денари (163,7 милиони евра), покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за состојбите на осигурителниот пазар во 2020 година.

На нашиот осигурителен пазар оперираат 16 компании од кои 11 друштва продаваат неживотно осигурување, а пет се компании за животно осигурување.

Вкупната бруто полисирана премија односно вкупната вредност на продадени полиси лани е за 270,6 милиони денари (4,4 милиони евра) односно 5 отсто пониска од вредноста на продадените полиси во 2019 година, кога сите осигурителни друштва инкасирале 10,58 милијарди денари (172,1 милиони евра) од продажба на полиси. 

Во вкупната продажба на осигурителни полиси друштвата за неживотно осигурување учествувале со 82,7 отсто. Продажбата на полиси од класите на неживотно осигурување изнесува 8,3 милијарди денари (135,4 милиони евра). Друштвата за животно осигурување лани од продажба на полиси наплатиле 460,2 милиони денари (28,3 милиони евра).

Од АСО наведуваат дека здравствената пандемија лани генерално негативно влијаела врз националната економија, а тоа се одразило и врз работата на осигурителните друштва. Нивната вкупна продажба на осигурителни продукти се намали за 5 отсто. Но и покрај тоа 14 осигурителни друштва минатата година ја завршиле со добивка во вкупна вредност од 627,3 милиони денари (10,2 милиони евра).

АСО неодамна препорача осигурителните компании да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката има за цел компаниите да останат во добра финансиска кондиција во овие специфични и неизвесни услови на работење предизвикани од глобалната здравствена пандемија, а добивките да ги пренесат во  капиталот и резервите со цел да останат солвентни и ликвидни. 

Прикажи повеќе...

Економија

Светска премиера на Cross Turismo: Практичната верзија на Porsche Taycan

Објавено пред

Porsche ја продолжува електричната офанзива со нова варијанта на Taycan

Porsche со виртуелна презентација официјално го претстави новиот Taycan Cross Turismo пред јавноста.

Производителот на спортски автомобили го проширува портфолиото на производи од својата прва гама на целосни електрични спортски автомобили со додавање на оваа разноврсна теренска верзија, со што се продолжува систематското следење на јасната мисија за еколошка и одржлива мобилност. Како и спортскиот седан Taycan, Taycan Cross Turismo има придобивки од иновативниот електричен погон со архитектура од 800 волти. Новата високотехнолошка верзија со погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија, исто така, обезбедува бескомпромисна динамика надвор од патот. Триесет и шест милиметри повеќе простор за глава за патниците на задните седишта и повеќе од 1.200 литри багажен простор, го прават Cross Turismo  идеален за сите намени.

„Во 2019 година, испративме клучен сигнал со дебито на нашиот прв електричен спортски автомобил“, рече Оливер Блуме, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG, на светската премиера на новиот и поразновиден дериват. „Ние се гледаме како пионери на електричната мобилност: до 2025 година, половина од сите нови возила кои ќе ги испорачаме ќе имаат електрифициран погон – или целосно електричен или plug-in хибрид. Во 2020 година, еден од три испорачани возила во Европа имаа електричен погонски систем. Иднината припаѓа на електричната мобилност. Со Taycan Cross Turismo, ние правиме уште еден голем чекор во оваа насока“.

Сите варијанти на Cross Turismo се достапни веднаш

Четири варијанти на Taycan Cross Turismo се веднаш достапни по официјалното лансирање на пазарите. Пакетот на батерии „Performance Battery Plus“, кој има капацитет од 93.4 kWh, е стандардно достапен. Моделите кои ги нуди Cross Turismo се следните:

  • Taycan 4 Cross Turismo со 280 kW (380 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 350 kW (476 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунда, максимална брзина од 220 км/ч и досег од 389 – 456 км.
  • Taycan 4S Cross Turismo со 360 kW (490 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 420 kW (571 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч 4,1 секунда, максимална брзина од 240 км/ч и досег од 388 – 452 км.
  • Taycan Turbo Cross Turismo со 460 kW (625 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 500 kW (680 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди, максимална брзина од 250 км/ч и досег од 395 – 452 км.
  • Taycan Turbo S Cross Turismo со 460 kW (625 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 560 kW (761 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, максимална брзина од 250 км/ч и досег од 388 – 419 км.

Високотехнолошката шасија со погон на сите тркала и адаптивната воздушна суспензија стандардно доаѓа кај сите четири модели. Опционалниот пакет Off-Road го зголемува растојанието од земјата до 30 mm. Ова значи дека може да се вози и Cross Turismo на терени надвор од патот. Стандардниот „Gravel Mode“ ја подобрува адаптивноста на новиот модел за возење по нерамни патишта.

Во однос на визуелниот изглед, Taycan Cross Turismo внимателно го следи концептот Mission E Cross Turismo презентирана на Саемот за автомобили во 2018 година во Женева: Неговата силуета е дефинирана од спортската линија на покривот која се спушта надолу, позната како „Flyline“ и доаѓа од дизајнерите на Porsche. Дизајнерските детали вклучуваат зголемени лакови на тркалата, уникатни предни и задни дифузери и странични прагови. Како дел од пакетот Off-Road Design, Cross Turismo има специјални клапи на аглите на предните и задните браници и на краевите на праговите. Со тоа се создава впечатлива надворешност, а се обезбедува и заштита на подвозјето. 

Спортски додатоци: нов заден носач и Porsche електрични велосипеди

Единствено за Taycan Cross Turismo, Porsche разви заден носач за три велосипеди кој поставува нов стандард во поглед на големина и начин на користење. Може да се користи универзално за различни видови велосипеди. Една од неговите иновативни одлики е дека задната врата може да се отвори дури и кога е натоварен задниот носач. Porsche исто така претстави два висококвалитетни електрични велосипеди – eBike Sport и eBike Cross. Со нивниот безвременски дизајн, како и моќната, одржлива технологија на погон, тие се совршено усогласени со Taycan Cross Turismo.

Високотехнолошки изглед за високотехнолошко возило

Светската премиера на новиот Porsche Taycan Cross Turismo се одржа во Хипербоул студиото во саемските простории во Минхен – Германија. Ова спектакуларно ново студио ги спојува светот на филмот и реалноста: закривен LED ѕид со агол од 270 степени, долг 40 метри и висок 5,5 метри, е комбиниран со LED таван за да се обезбеди површина на екранот од 478 квадратни метри со 70 милиони пиксели. Светската премиера беше емитувана на newstv.porsche.com и истата може да се погледне во било кое време.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Засилени инспекции во Маврово: Голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот парк...

Топ42 минути

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „ По претходна...

Регион1 час

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа2 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет2 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија2 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион2 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет3 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа3 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет4 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет15 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија16 часа

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет18 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет19 часа

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија22 часа

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија22 часа

„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во...

Македонија1 ден

МВР: Внимателно на социјалните мрежи, на „Тик-ток“ се шират повици опасни за малолетниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната...

Регион1 ден

(Видео) Грција ја проценува штетата по земјотресот, десетици жители ја поминаа ноќта надвор

Експертите денес ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени, што го погоди централниот дел на Грција, кога...

Македонија1 ден

Иницијативата за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство, партијата доби ладен туш

Сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да...

Македонија1 ден

Мнозинството е стабилно, велат од СДСМ по гласањето доверба на Владата

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка, велат утрово од СДСМ, откако вчера 62 пратеници гласаа за доверба...

Досие