Економија
Земјоделството мора да се прилагодува кон климатските промени
Македонија ќе мора да спроведува стратегија за прилагодување кон климатските промени, во спротивно продуктивноста на земјоделските производи ќе претрпи големи штети, а најмногу на удар ќе се најдат грозјето и доматите.
Македонија ќе мора да спроведува стратегија за прилагодување кон климатските промени, во спротивно продуктивноста на земјоделските производи ќе претрпи големи штети, а најмногу на удар ќе се најдат грозјето и доматите.Ова беше истакнато на денешната Конференција во рамките на Регионалната програма за намалување на последиците од климатските промени во земјоделскиот сектор, организирана од Светската банка (СБ) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Вилијам Сатон, виш економист за земјоделство и ресурси при СБ, укажа дека земјоделскиот сектор е особено важен за Македонија, каде што е вработено над 19 отсто од населението, а овој сектор создава 12 отсто од БДП.„СБ соработува со Македонија во обид да се утврди кои ќе бидат влијанијата од климатските промени врз локалното земјоделството. Како што знаеме поради климатските промени, климата ќе стане потопла и посува“, рече Сатон.Тој изрази уверување дека иако сме соочени со предизвици од климатските промени постојат мерки со кои што можеме да се справиле со тие промени во насока да се зголеми отпорноста на македонското земјоделство.„Многу е важно сега да се отпочне со превземањето мерки, бидејќи нивното спроведување бара време и што порано се започне толку подобри ќе бидат ефектите“, рече Сатон.Меѓу приоритетните мерки кои што треба да се преземат, Сатон ги наброја ефикасното управување со водните ресурси и системите за наводнување, едукација на земјоделците за тоа кои техники да ги преземат при обработка на земјиштето, како и нивно информирање за временската прогноза неколку недели однапред.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски рече дека климатските промени се комплексно прашање чие влијание се очекува да предизвика хронични проблеми во земјоделскиот сектор.„Имајќи го в предвид овој факт, Министерството ќе преземе иницијатива за спроведување на политики на ублажување на негативните влијанија од климатските промени“, кажа Димовски. Тој напомена дека извршените анализи ги поткрепуваат информациите дека постои тренд на зголемување на температурите во Македонија, најавувајќи дека ќе биде подготвен план за подготовка на земјоделскиот сектор да стане поотпорен на предвидените промени.Експертот од оваа област Панде Лазаревски советува наместо да се тагува за судбина на планетата земја и човечката цивилизација поради неизбежните климатските промени, треба да се проучат, разберат и проценат добро последиците од климатските промени.Бидете уверени ако правилно се сфатат климатските промени, тогаш луѓето и институциите многу полесно ќе се адаптираат и ќе ги минимизираат негативните последици, бидејќи мудроста налага ако не можеме да ги спречиме тогаш треба да се подготвиме да живееме со нив“, порача Лазаревски.Според одредени анализи, климатските промени покажуваат дека температурата во Македонија може да се зголеми, а врнежите да станат поретки особено во клучните летни месеци.Особено чувствително на промена на климата е земјоделството, што значи дека промените на температурите и на врнежи негативно би се одразиле врз руралното население.Предвидувањата се дека до 2050 година температурата во Македонија просечно ќе се зголеми за 1,9 степени, а во летните месеци за 2,5 степени, додека количината на врнежи годишно ќе се намали за пет отсто, а во летните месеци и до 17 отсто.Најранлива локација според овие анализи, ќе биде Повардарието каде што се произведува грозјето, додека многу ранливи ќе бидат струмичкиот и гевгелискиот регион и производството на доматите, а во Скопско-кумановската долина и Овчеполието загрозено може да биде производството на зимската пченица.Анализите покажуваат дека поради влијание на климатските промени производството на доматите во некои региони во Македонија може да се намали до 78 отсто, а на луцерката до 62 отсто. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

