Економија
Утре почнува Бебе саем
Од 6 до 8 мај 2011, по трет пат ќе се одржи веќе традиционалната саемска манифестација „Бебе саем” која сега ќе биде на нова локација, во спортскиот центар Борис Трајковски-Скопје
Од 6 до 8 мај 2011, по трет пат ќе се одржи веќе традиционалната саемска манифестација „Бебе саем” која сега ќе биде на нова локација, во спортскиот центар Борис Трајковски-Скопје.Оваа година три дневната програма е збогатена со нови содржини и зголемен број на излагачи. “Позитивните коментари од минатогодишните саеми, големата посетеност и радоста која ја причинивме во голем број семејства, оваа година уште повеќе не мотивираше да подготвиме уште повесела и поубава манифестација. Програмските активности се збогатени со многу интерактивни игри, како и простор пред салата со многу забава”, вели Златко Панков од „Панекс“, компанија која е организатор на оваа манифестација.Покровител на Бебе саем 3 и оваа година ќе биде Здружението на педијатри на Република Македонија. Ќе бидат организирани и работни сесии, како од самите излагачи така и од здружението на педијатри. Опфатени се различни теми: како полесно да се надминат проблемите со кои се соочуваат младите родители, тешкотиите во бременоста, правилниот раст и развој на децата, навремено и правилно постапување по одредени симптоми, како да се искористат игрите и забавата во растот и развојот на децата. Целта е подигнување на нивото на едукација и информираност, можност секој родител на едно место да добие стручен совет, квалитетна и точна информација.Посетителите ќе можат да се запознаат со најновите производи и услуги во детскиот свет, да учествуваат во разни игри и квизови, да гледаат театарски претстави, настап на детски групи, музика, забава, модни ревии и други активности, а секако и да си купат по нешто.За бремените жени ќе бидат обезбедени катчиња за одмор и релаксација, посебен простор за бебиња, а за децата ќе бидат организирани ликовно, музичко, филмско и многу други катчиња каде сите деца според своите афинитети и моментални инспирации ќе можат да уживаат. Натпревар по брзо лазење, натпревар на татковци во брзо пресоблекување и многу други натпревари каде победниците ги чекаат вредни награди./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

