Економија
Охрид е на добар пат да стане атрактивна дестинација за венчавки
Со најновите измени и дополнувања на Законот за семејство, со кои се овозможи брак да може да се склучува не само во службените простории на Управата за водење матични книги, туку и на други локации, се зголемија и можностите за Охрид
Со најновите измени и дополнувања на Законот за семејство, со кои се овозможи брак да може да се склучува не само во службените простории на Управата за водење матични книги, туку и на други локации, се зголемија и можностите за Охрид полека да прерасне во една од најатрактивните венчални туристички дестинации.
„Охрид располага со природни убавини и преубави локации на кои може да се реализираат венчавки. Сега ќе може граѓанските бракови да се склучуваат на било која локација која ќе ја изберат паровите, вклучувајќи ги и плажите, како што тоа се прави во познатите светски туристички дестинации, велат стручните лица од областа на туризмот кои овие измени ги оценуваат како позитивни.
Со новите измени на законот, кои стапија на сила од март годинава, склучувањето на брак може да се реализира по желба на младенците- во нивните домови, во угостителски објекти, излетнички места, културно историски споменици, во кругот на верските објекти, јавни простории. За тоа се плаќа соодветен надоместок, а потребно е и одобрение за склучување на бракот од институцијата или управителот на објектот или локацијата на која се сака да изврши стапувањето во брак.
Од подрачното одделение на Управата за водење матични книги, информираат дека од кога се воведени измените во законот, интересот за склучување брак надвор од службените простории постепено се зголемува. Доколку идните сопружници се одлучат граѓанскиот брак да го склучат надвор од службените простории, тоа ќе ги чини минимум 6. 600 денари, зависно од оддалеченоста, како и дали е во работен или во неработен ден- тогаш износот на надоместокот се дуплира.
Се поголемиот интерес за венчавки во Охрид го потврдуваат и свештените лица кои објаснуваат дека во последните неколку години многу често вршат венчавки на парови кои доаѓаат од странските земји со желба овој свечен чин да го извршат во Охрид.
„Најчесто тоа се парови од соседството- Србија, Бугарија, Грција, но има случаи кога со таква желба доаѓаат и од многу други странски земји. Како место за венчавка најчесто го избираат манастирот Свети Наум, Плаошник, Канео, црквата Свети Никола во Долна Влашка Маала“, вели отец Сашо, парохиски свештеник во црквата Св. Никола.
Цената која се наплаќа за венчавка во црква е околу 3. 000 денари. Дополнителни 500 денари се наплаќаат ако чинот не се изврши во парохиската црква на која и припаѓа младоженецот, според адресата на живеење. /крај/охрид.њуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

