Економија
Иднината на економскиот развој е во иновациите
Земјите од Европската Унија, вклучително и државите кандидати до 2020 година ќе треба да ги пренасочат своите економии да се потпираат на иновативноста и знаењето, доколку Европа сака да остане конкурентна на светскиот пазар каде се наметнуваат нови економски сили.
Земјите од Европската Унија, вклучително и државите кандидати до 2020 година ќе треба да ги пренасочат своите економии да се потпираат на иновативноста и знаењето, доколку Европа сака да остане конкурентна на светскиот пазар каде се наметнуваат нови економски сили.
Ова меѓу другото беше истакнато на 4та Меѓународна Конференција за претприемништво, иновации и регионален развој „Од претприемачко учење до иновации и регионален развој“, што се одржува во Охрид .
„Стратегијата 2020 подразбира одржлив развој базиран на знаење и иновативност. Инвестициите во образованието и науката се дуплирани во целиот свет. Европа сè уште е водечка сила во областа на иновациите, но доколку Кина продолжи со вакво темпо на развој тоа нема да биде така уште долго“, истакна Џон Клакстон од Одделот за истражување и иновации при Европската комисија.
Пред учесниците на конференцијата се обрати претседателот Ѓорѓе Иванов, кој истакна дека цел на државата е во следниот период да создаде поволни услови за развој на малите и средни претпријатија, кои се двигатели на економијата.
„Првиот чекор кон освојување на иднината се иновациите. Нашата цел е Македонија да стане земја на иноватори и иновации и да создадеме економски амбиент во кој малите и средни претпријатија ќе се натпреваруваат преку постојано создавање на нови идеи кои ќе се преточуват во производи и услуги“, рече Иванов.
Македонија втор пат е домаќин на Меѓународната конференција за претприемништво, иновации и регионален развој, која се одржува од 2008 година. Следните конференции ќе се одржат во Бугарија во 2012 и БиХ во 2013 година.
На Конференцијата што се одржува под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, Европската академија на науки и уметности, Македонската академија на науки и уметности и Европскиот совет за мал бизнис и претприемништво, а во организација на Националниот центар за иновации и претриемачко учење, учествуваат над 300 експерти од Европска комисија, Светска банка, академици, регионални агенции, бизнисмени, како и педесетина универзитети меѓу кои Кембриџ, Оксфорд, Рим, Берлин, Виена, Вашингтон, Катар, Белград, Загреб, Љубљана, Грац, Солун, Софија и други. /крај/охрид.њуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

