Економија
Епл – највреден бренд во светот
Американската компанија Епл е највреден бренд во светот, според нови податоци објавени во понеделникот. Епл го надмина интернет гигантот Гугл што го држеше првото место, но според рангирањата, нови пазари исто така наголемо се наметнуваат со свои марки.
Американската компанија Епл е највреден бренд во светот, според нови податоци објавени во понеделникот. Епл го надмина интернет гигантот Гугл што го држеше првото место, но според рангирањата, нови пазари исто така наголемо се наметнуваат со свои марки. Питер Волш е глобален директор на BrandZ, која ги рангира највредните брендови во светот. Тој за Гласот на Америка зборуваше за напредокот што новите пазари го имаат направено во изминатите години:„Ако погледнете пет години наназад, во 2006-та, кога почнавме со рангирањето, имаше само два бренда од Кина меѓу првите 100. Сега бројката од земјите во развој плус Мексико изнесува 19 брендови. Значи, на нив отпаѓаат една петтина од вкупната бројка на брендови“, вели Волш.
Бразилската енергетска компанија Петробрас е рангирана на 61-то место, индиската банка ICICI на 53-тото, додека најголемиот кинески интернет пребарувач Баиду – на 19-тото место.
Експертите велат дека најбрзо растечка економија е Африка. Но, ниту една компанија од овој континент не се наоѓа на листата на 100 брендови.
Волш вели дека Африка допрва треба да развива затоа што според големината и вредноста на пазарот заостанува зад Индија и Кина. Но, тој додава дека потрошувачката база расте за производи од Африка.
„На Африка гледаме на област каде брендовите особено добро котираат. На пример, банката Standard Chartered Bank е меѓу најдобрите брендови во Велика Британија и има пораст од 45 проценти од нивните активности во Африка“, додава ВолшВо некои африкански сектори има забележано голем напредок. Системите за финансиска трансакција преку мобилен телефон е пример за иновацијата која доаѓа во Африка. Ова е Давда Џобарте, директор на панелот за напредокот на Африка, со седиште во Женева:„Ако ја анализирате компанијата М-PESA во источна Африка во мобилниот банкарски и финансиски систем, ќе видите дека тие се иноваторите во тоа поле во цел свет“, вели Џобарте.
Сепак, тој вели дека бизнис-климата во Африка доцни во развојот од многу аспекти. Потребно е силно лидерство со цел да се внесат африкански компании меѓу првите 100 во светот.
Брендовите од областа на технологијата сочинуваат една третина од првите 100 компании во светот. Епл е број еден, симнувајќи го Гугл од лидерската позиција што ја држеше во изминатите четири години. крај/воа/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

