Економија
Македонија ги подобрува условите за водење бизнис
Македонија и покрај тоа што е високо рангирана на светско ниво во процедурата на регистрација на бизнис, продолжува со реформите во областа на едношалтерскиот систем, во насока на подобрување на деловната клима.
Македонија и покрај тоа што е високо рангирана на светско ниво во процедурата на регистрација на бизнис, продолжува со реформите во областа на едношалтерскиот систем, во насока на подобрување на деловната клима.Процесот на упис на компании во Централниот регистер дополнително е поедноставен со можноста тоа да се направи и по електронски пат, а корисниците можат со само едно прикачување во системот да креираат сметка, да поднесат документи онлајн, да ги прикачат потребните прилози и да ги потпишат со електронски потпис.Ова беше истакнато на денешната работилница за „Едношалтерски систем фаза 2“, кој на корисниците им овозможува и да ја платат услугата онлајн, како и да добијат Решенија во дигитален формат.„Оваа работилници денеска се однесува на трите компоненти на едношалтерскиот систем втора фаза. Електронска регистрација на бизнис, стечајната постапка по електронски пат и третата компонента е во однос на е-лизингот и е-залог“, рече Бесими.Тој оцени дека сите компоненти што се содржани во „Едношалтерски систем фаза 2“ ќе придонесат за значително подобрување на деловната клима во државата.Директорот на Централниот Регистер на Република Македонија оцени дека со имплементацијата на проектот „Едношалтерски систем фаза 2“ не само што им се овозможува на корисниците добивање на онлајн услуги, туку и пристап до многу корисни информации за пошироката јавност.Гордана Тошева од УСАИД оцени дека Македонија во оваа област прави крупни чекори и постигнува значителни резултати, со што треба да се гордее.Таа апелираше до компаниите што поскоро да се адаптираат и да ги прифатат поволностите што се нудат преку „Едношалтерски систем фаза 2“.Професорот Ванчо Узунов изрази очекување дека со имплементацијата на овој систем, покрај брзата регистрација на фирми, ќе придонесе и за олеснување при водењето на бизнисите.„Македонија и досега беше лидер во регистрирањето на фирми, но компаниите се соочуваа со пречки при вработувањето, како и при подигањето на кредити, додека при затворање на фирма или покренување на стечајна постапка, настануваше целосен застој“, рече Узунов. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

