Економија
Слетаа бизнис ангелите
Во Македонија е достапен нов модел за финансирање на старт-ап компании: Центарот за иновации при Проектот на УСАИД за конкурентност ја лансираше првата мрежа на бизнис ангели (Business Angels Network – BAN) во Македонија
Оваа мрежа на бизнис ангели претставува формална мрежа на “ангели” инвеститори – претприемачи и богати поединци подготвени да инвестираат сопствени финансиски средства, знаење, вештини и социјален капитал во нови и иновативни бизнис идеи со потенцијал за висок раст.“Следејќи го примерот на многу земји, бизнис-ангелите се одличен начин за финансирање старт-ап бизниси, особено оние кои се ориентирани кон иновации. Овие ангели обезбедуваат финансирање за претприемачи кои, во нормални услови, не би имале пристап до финансии. УСАИД со задоволство ќе помогне во развивањето мрежа на ангели во Македонија”, вели Роберт Вурц, Директор на мисијата на УСАИД. Новоформираната мрежа на бизнис ангели веќе има 10 членови – бизнис-ангели и десетина предлози за бизнис кои моментално се евалуираат. Со цел да ги направи своите услуги достапни на пошироката јавност, мрежата наскоро ќе објави повик за бизнис-предлози од потенцијални клиенти, како и за нови ангели-инвеститори заинтересирани да се приклучат кон мрежата. Во обид да се поврзат ангелите со можностите за инвестирање во старт-ап бизнисите, ќе биде организирана и вечера со ангели-инвеститори.“Многу надежни проекти разработени од силно мотивирани личности со визија, не го добиваат заслуженото внимание од финансиските институции. Многу претприемачи во стартот не наидуваат на разбирање кај банките за финансирање на нивните проекти. Многу често и во случаи кога тие имаат одлично изработени бизнис планови, банките редовно бараат силни обезбедувања неколку пати повисоки од вредноста на самиот бизнис што се предлага. Така одлични проекти кои би отвориле и по неколку стотици работни места во кратко време не можат да се реализираат. Бизнис ангелите се појавуваат како добра форма за финансирање на старт ап бизнисите, посебно оние кои содржат иновации. Мисијата на нашата група, која е формирана неодамна, е да ги пронајде ангелите и потенцијалните добри проекти. Ангелите, финансирајќи и помагајќи старт на нови проекти и компании на личности со визија и деловен потенцијал, практично го зголемуваат капацитетот на својот постоечки бизнис. Исто така, го подобруваат и добриот глас за нив самите… ”,вели Љупчо Зиков, претседател на Мрежата на бизнис ангели. “Бизнис-ангелите се добро познат и докажан концепт. Некои од најголемите компании вклучувајќи ги Google, Apple и Facebook, започнале на овој начин преку финансирање од страна на бизнис-ангели. Во моментов работиме во партнерство со словенечката мрежа на бизнис-ангели на воведување на овој модел во Македонија”, вели Жарко Поп-Илиев, менаџер на Центарот за иновации при Проектот за конкурентност. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

