Економија
Обама вети соработки на САД во должничките кризи во еврозоната

Американскиот претседател Барак Обама во вторникот изјави дека САД ќе соработуваат со Европа во решавањето на грчката должничка криза и истакна дека можното неплаќање на долговите може да има катастрофални последици.
Американскиот претседател Барак Обама во вторникот изјави дека САД ќе соработуваат со Европа во решавањето на грчката должничка криза и истакна дека можното неплаќање на долговите може да има катастрофални последици.Германската канцеларка Ангела Меркел која престојува во официјална посета на САД, изјави дека еврозоната дел заеднички интерес за обезбедување таа да не биде доведена во опасност. Меркел и нејзиниот домаќин американскиот претседател Барак Обама соопштија дека имале опсежен разговор за должничката криза во Европа. Претседателот Обама изјави дека Германија ќе биде клучниот фактор во решавањето на кризата. „Убеден сум дека германското лидерство, покрај другите клучни фактори во Европа, ќе помогне да дојдеме до патот на враќање на Грција кон растот за тој долг да може да се надмине“, изјави претседателот на САД. „Тоа, меѓутоа, побарува уште трпение и одредено време. А ние ветивме дека во целост ќе соработуваме во решавањето на тие прашања, на билатерална основа но и низ меѓународните и финансиски институции како што е Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)“, рече Обама.Германската канцеларка Меркел која во својата земја е под голем притисок да избегне да биде финансиски спасувач на другите европски држави кои западнаа во финансиски тешкотии, соопшти дека Германија сосема ја разбира својата улога. „Видовме дека врз стабилноста на еврото во целина влијае кога една држава ќе се најде во неволја. Така што ние јасно ја гледаме нашата европска одговорност и ја преземаме, заедно со ММФ“, изјави Меркел.Меѓутоа декларираното партнерство сепак не ги прикри разликите меѓу двајцата лидери околу некои економски и безбедносни прашања. САД, на пример, внимателно се вклучи во воената акција против Либија, додека Германија ги збуни своите партнери во НАТО со одбивањето да учествува во оваа операција. Во таа насока Обама изјави дека очекува дека Германија ќе помогне која во Либија од власта ќе си замине полковникот Моамер ел-Гадафи и кога на таа земја ќе и биде потребна голема обнова. Според американскиот претседател, соборувањето на Гадафи е само прашање на времето. „По целата земја гледаме еден неумолив тренд на потиснување и онеспособување на силите на режимот. Мислам дека заминувањето на Гадафи е само прашање на време.“, рече ОбамаПритоа претседателот на САД и се заблагодари на Ангела Меркел за јакнењето на поддршката на Германија во Авганистан што им овозможува на другите членки на НАТО да бидат поактивни во Либија./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.