Економија
Акциите на Алкалоид најтргувани на берзата
Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 3.582.815,37 денари. Од овој промет 2.255.434,37 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.327.381,00 денари.
Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 3.582.815,37 денари. Од овој промет 2.255.434,37 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.327.381,00 денари. Индексот МБИ10 денес се намали за 0,19% и изнесуваше 2.594,10 поени. МБИД се намали за 0,07% и изнесуваше 2.612,40 поени, а ОМБ се зголеми за 0,03% и изнесуваше од 117,33 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Алкалоид АД Скопје во износ од 590.070,00 денари по просечна цена од 4.403,51 денари .Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Скопски пазар АД Скопје со која беше остварен 359.900,00 денари промет по просечна цена од 6.100,00 денари.Трета беше акцијата на Стопанска банка АД Битола со остварени 239.400,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 2.442,86 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија . Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 87,30% и беа остварени 58.850,92 денари. На Редовниот пазар со класично тргување најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Златара Рубин АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 554.400,00 денари, по просечна цена од 6.160,00 денари по акција. Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид АД Скопје2. Златара Рубин АД Скопје3. Прилепска пивара АД Прилеп4. Скопски пазар АД Скопје5. Македонски телеком АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. РЖ Услуги АД Скопје 0,83%2. Стопанска банка АД Битола 0,69%3. Комерцијална банка АД Скопје 0,24% 4. Обврзница на Р.М за денационализација десетта емисија 0,11%5. Алкалоид АД Скопје 0,08%Хартии од вредност со најголем пад1. Технометал Вардар АД Скопје 20,00%2. Комуна АД Скопје 2,31%3. ЗК Пелагонија АД Битола 2,13%4. Макпетрол АД Скопје 2,13%5. Македонски телеком АД Скопје 0,63%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

