Економија
Акциите на Македонијатурист АД денеска во фокусот
Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 34.983.089,85 денари.
Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 34.983.089,85 денари. Од овој промет 27.868.540,85 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 7.114.549,00 денари. Вкупниот промет од денешниот ден го сочинуваат и две блок трансакции со акциите на Македонијатурист АД Скопје и Македонска берза АД Скопје. Индексот МБИ10 денес се намали за 0,67% и изнесуваше 2.503,05 поени. МБИД се зголеми за 0,11% и изнесуваше 2.600,85 поени, а ОМБ се зголеми за 0,04% и изнесуваше од 118,17 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Македонијатурист АД Скопје во износ од 24.632.550,00 денари по просечна цена од 2.850,00 денари.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со која беше остварен 894.432,00 денари промет по просечна цена од 4.300,15 денари.Трета беше акцијата на Стопанска банка АД Битола со остварени 456.734,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 2.495,81 денари . Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија . Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 88,28% и беа остварени 610.620,74 денари. На Редовниот пазар со класично тргување најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонска берза АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 5.600.000,00 денари преку блок трансакција, по просечна цена од 140.000,00 денари по акција. Пет најтргувани хартии од вредност1. Македонијатурист АД Скопје2. Македонска берза АД Скопје3. ИГМ АД Вратница4. Алкалоид АД Скопје5. Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисијаХартии од вредност со најголем раст1. ИГМ АД Вратница 112,22%2. Стопанска банка АД Скопје 0,56%3. Тутунска банка АД Скопје 0,42%4. Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија 0,15%Хартии од вредност со најголем пад1. Стопанска банка АД Скопје – приоритетни акции 2,78%2. Реплек АД Скопје 2,68%3. Комерцијална банка АД Скопје 1,08%4. Алкалоид АД Скопје 1,06%5. Гранит АД Скопје 0,17%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

