Економија
Инвеститорите стравуваат од ширење на должничката криза
Стравувањата дека европската должничка криза ќе ги зафати Италија и Шпанија негативно делува врз финансискиот пазар пред итниот состанок на лидерите на Европската унија(ЕУ) што ќе се одржи кон крајот на неделата.
Стравувањата дека европската должничка криза ќе ги зафати Италија и Шпанија негативно делува врз финансискиот пазар пред итниот состанок на лидерите на Европската унија(ЕУ) што ќе се одржи кон крајот на неделата. Ширењето на грчката должничка криза на другите земји на ЕУ би го поткопало и онака слабиот европски економски раст. Цените на акциите на европските берзи од утрово паѓаат, трет ден по ред, а ослабна и еврото, за 0,7 отсто, на 1,4027 долари. Истовремено приносот на италијанските и шпанските обврзници расте бидејќи резултатите од стрес тестот во европскиот банкарски сектор не успеаја да го отстранат стравот кај инвеститорите. Имено, инвеститорите се сомневаат во резултатите на стрес тестот што не го положија само осум од тестираните 90 банки, додека 16 одвај поминаа. Стрес тестот треба да покаже дали и како банките би поминале во случај на нова рецесија. Во пад се и цените на нафтата која денеска се договара по 97 долари за барел. Падот е последица на помалата побарувачка поради слабеењето на довербата на потрошувачите во САД и финансиските проблеми во Европа. Лидерите на ЕУ ќе се сретнат во четврток и ќе разговараат за финансиската стабилност во еврозоната и вториот пакет финансиска помош за Грција, во кој би требало да учествува и приватниот сектор. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

