Економија
Граѓаните да внимаваат на малите букви од рекламите
Неискажувањето на вкупните трошоци при склучување на договор за потрошувачки кредит од страна на банките, менувањето на каматните стапки, измамно рекламирање, недоволно објаснети услови за раскинување на договорите.
Неискажувањето на вкупните трошоци при склучување на договор за потрошувачки кредит од страна на банките, менувањето на каматните стапки, измамно рекламирање, недоволно објаснети услови за раскинување на договорите.
Ова се најчестите претставки кои граѓаните ги упатуваат до Организацијата за заштита на потрошувачи за договорите на потрошувачките кредити.
Од Организацијата на потрошувачи велат дека во 2010 година пристигнале 4.800 барања за општи и специјалистички предмети во однос на нивните потрошувачки права.
Во доменот на банкарскиот сектор биле доставени 103 советувања и 48 предмети биле во врска со договорите на осигурителните компании.
Од банките велат дека граѓаните треба особено да обрнат внимание на тоа колкава е каматната стапка при склучување на договорите, во која валута ќе биде исплатен кредитот, дали постои можност за предвремено плаќање и колкави ќе бидат трошоците.
„Граѓаните треба да ги запазат малите букви кои ја појаснуваат рекламата, бидејќи во многу случаи не им се дава големо значење на овие букви, а токму во тие мали букви е суштината на рекламата која ја нудат банките или останати компании“, истакна Викторија Митревска од „Про Кредит банка“ на предавањето „Транспарентност на банкарската комуникација“, организирано од оваа банка.
Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити предвидува глоба од 3.000 до 5.000 евра за давателот на кредитот ако во било кое рекламирање или понуда со кои нуди одобрување на потрошувачки кредит не ги содржи потребните податоци или пак ако податоците содржани во рекламите и понудите не се точни. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

