Економија
Два нови смарт телефони од LG Electronics
LG Electronics (LG) ги претстави двата нови члена од семејството Optimus смарт телефони- LG Optimus Pro (LG C660) и LG Optimus Net (LG P690), кои ја имаат најновата Андроид 2.3 платформа.
LG Electronics (LG) ги претстави двата нови члена од семејството Optimus смарт телефони- LG Optimus Pro (LG C660) и LG Optimus Net (LG P690), кои ја имаат најновата Андроид 2.3 платформа.
Оваа верзија на Андроид оперативниот систем на компанијата Google, познат како Gingerbread, нуди поголеми мултимедијални капацитети, подобра контрола на потрошувачката на батеријата на телефонот, како и подобри можности за играње. „Корисниците денес имаат многу специфични барања-сакаат телефони кои комбинираат различни карактеристики и технологии кои би одговориле на нивните специфични потреби.Тоа е токму тоа што го нудиме со моделите Optimus Pro i Optimus Net – два потполно нови уреди кои ќе ја зголемат понудата на достапни Андроид смарт телефони на пазарот”, изјави Jong-seok Park, претседател и генерален директор на компанијата LG Electronics Mobile Communications. Како прв смарт телефон од компанијата LG Electronics со QWERTY тастатура, LG Optimus Pro истовремено користи тастатура и екран осетлив на допир. Екранот со дијагонала од 2,8 инчи овозможува голема прегледност, додека QWERTY тастатурата е ергономски дизајнирана за брзо и прецизно куцање. Инсталираните кратенки за електронска пошта и дневен распоред дополнително ја зголемуваат ефикасноста и удобноста за користење на овој модел. LG Optimus Net ги обединува најпопуларните социјални мрежи со единствена опција која е инсталирана на почетниот екран на овој модел. Со еден потег корисниците ќе можат истовремено да поставуваат статуси на своите Facebook и Twitter профили. Со помош на овие опции овозможено е и едноставно поставување на фотографии на повеќе различни социјални мрежи. Покрај ова, екранот со дијагонала од 3,2 инчи дава појасна и почиста слика на мултимедијалните содржини, додека LG SmartShare™ функцијата овозможува делење на содржините и со други DLNA уреди.И Optimus Pro и Optimus Net можат да се пофалат со најиздржлива батерија во својата класа од 1500mAh, како и процесор со брзина од 800 MHz CPU. Овие смарт телефони ќе бидат достапни ова лето на преку 30 светски пазари, прво во Европа, а потоа и во останатите делови од светот. /крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

