Економија
АрселорМитал гради домови за семејства со ниски приходи во Велес
Најголемата компанија за производство на челик во светот, АрселорМитал, испраќа 20 волонтери вработени во претставништва на АрселорМитал од девет држави на три континенти да ја довршат првата фаза од изградбата на Хабитат населбата во Велес.
Најголемата компанија за производство на челик во светот, АрселорМитал, испраќа 20 волонтери вработени во претставништва на АрселорМитал од девет држави на три континенти да ја довршат првата фаза од изградбата на Хабитат населбата во Велес.Волонтерите на АрселорМитал треба денеска да ја започнат својата мисија во Велес.„Со работата надвор од својата земја, вработените на АрселорМитал добиваат незаборавно животно искуство“ вели Раџендран Мандампарамбил, проектен менаџер во Фондацијата АрселорМитал.Хабитат-Македонија ја започна изградбата на населбата за семејства со ниски приходи кои домуваат во супстандардни услови во Велес во октомври 2009 година. Со комплетирањето на првата фаза се обезбедуваат едноставни, пристојни и достапни домови за 24 велешки семејства.„Пресреќни сме што компанија како АрселорМитал ни се приклучува кон нашата мисија за елиминирање на супстандардното домување. АрселорМитал е одличен пример за локалните, но и за интернационалните компании, во однос на корпоративно општествената одговорност и се надеваме дека многу компании ќе го следат нивниот пример.“ вели Лилјана Алчева, заменик Директор за програми во Хабитат-Македонија.Кон крајот на април, Хабитат-Македонија и партнер семејствата го официјализираа учеството во програмата Новоградби Велес. Семејствата се селектирани според основните Хабитат принципи, односно нивната потреба, приход и желба за работа со волонтерите.Партнер семејствата активно работеа на изградбата на своите идни домови заедно со 500 волонтери од Соединетите Американски Држави, Канада, Европа и Македонија. Изградбата е поддржана од индивидуалци, организации и компании од Северна Америка, Европа и Македонија.АрселорМитал и Хабитат се обединија за да изградат и реновираат стотици домови и да создадат поквалитетни, трајни, безбедни и достапни домови за семејствата кои живеат во супстандардни услови. Првиот производ на ова партнерство е минатогодишната изградба на нови домови за 12 семејства во Моинести, Романија.Изминатите три години, Фондацијата АрселорМитал им има помогнато на преку 700 семејства. Вработените од АрселорМитал волонтерски градат Хабитат домови во Јужна Америка, Африка и Европа, а оваа година во Македонија пристигнуваат по своите неодамнешни градби во Мексико и Јужна Африка.Покрај волонтерските градби, Фондацијата АрселорМитал ја поддржа работата на Хабитат во Хаити, донирајќи челик за првите 310 засолништа од планираните 1 900. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

