Економија
Американски активисти испорачаа 100 тони хуманитарна помош за Куба

Повеќе од 100 тони хуманитарна помош собрани во 130 градови во САД, пристигнаа Хавана со помош на учесниците во Карванот на пријателство нa меѓурелигиската организација „Пастори за мир“.
Повеќе од 100 тони хуманитарна помош собрани во 130 градови во САД, пристигнаа Хавана со помош на учесниците во Карванот на пријателство нa меѓурелигиската организација „Пастори за мир“.Делегацијата пристигна во Хавана со слоганите „Да живее Куба!“, „Слобода за кубанската петорка“ (пет Кубанци се во затвор во САД под обвинение за загрозување на националната безбедност) и „Долу блокадата“. На хаванскиот аеродром „Хозе Марти“ нив ги пречекаа претставниците на Централниот комитет на кубанската Комунистичка партија, на кубанскиот Институт за пријателство меѓу народите и други општествени организации.На прес-конференцијата организирана по доаѓањето на „карванот“, претставниците на организаторот за собирање на хуманитарната помош изјавија дека при заминувањето за Куба, американските царински службеници им „запленија седум компјутери“ наменет за кубанската страна.Основана во 1967 година, меѓуверскита организација „Пастири за мир“ за свој цел ја прогласија борбата за социјална правда. Од 1992 година, организацијата повеќепати организираше собирање хуманитарна помош за Куба во САД и нејзина испорака „на островот на Слободата“. Овие активности често се причина за судски прогони на нејзините активисти./крај/ро/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски се сретна со унгарскиот министер за земјоделство: Да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи

Денеска во рамките на Унгарско-македонски владин самит, во Будимпешта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари конструктивна средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои што се соочува секторот земјоделство.
„Во текот на разговорот со министерот Иштван Наги се согласивме дека е потребно да се продлабочи соработката помеѓу двете министерства“, додаде министерот Трипуновски.
На средбата беше истакнато дека Унгарија е пријателска земја и силен поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграцискиот процес.
„Да ја интензивираме соработката помеѓу двете институции, да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи“, додаде министерот Трипуновски, при што посочи дека фокусот на соработката со Унгарија е подобрување на одржливоста на земјоделското производство.
Економија
Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Западен Балкан не смее да остане заробен во поделби и недоверба

Најголемата пречка за развојот на Западен Балкан не е економијата – туку длабоко вкоренетите предрасуди и отпорот кон соработка. Додека договорите и политичките рамки создаваат структура за интеграција, клучниот предизвик е волјата на општествата да ја прифатат оваа соработка како можност, а не како закана, порача пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на панелот „Западниот Балкан: Одржлива регионална соработка“, на годинешниот „Копаоник бизнис форум“ во Србија.
Битиќи посочи дека децении на поделби, поттикнати од историски наративи и националистичка реторика, продолжуваат да ја обликуваат јавната перцепција, создавајќи отпор кон подлабоки економски, културни и институционални врски.
„Без соочување со овие основни социјални тензии, дури и најдобро структурираните договори ризикуваат да бидат поткопани од недостаток на доверба, што ја ограничува способноста на регионот да функционира како кохезивен економски и политички блок,“ порача Битиќи.
Тој потенцираше дека вистинскиот напредок бара не само реформи во политиките, туку и промена на менталитетот, во насока на тоа што ќе почне да ја гледа регионалната соработка како можност, а не како компромитирање на било кој идентитет.
„Ниту една земја во нашиот регион не може самостојно да се спротивстави на глобалните економски притисоци. Но, заедно, можеме да изградиме силен и конкурентен економски блок кој привлекува инвестиции, ги зајакнува индустриите и обезбедува долгорочен раст. Ова значи премин од зависност кон меѓузависност – создавање регионални синџири на вредност, усогласување на инвестиционите политики и интегрирање во европските добавувачки мрежи како еден пазар, а не шест фрагментирани“, рече Битиќи.
Според пратеникот Битиќи регионалната координација на напорите на пристапување во ЕУ преставува клучен чекор кој треба да се направи на Западен Блакан.
„Наместо да ја третираме интеграцијата како трка еден против друг, мора да дејствуваме како единствен блок, усогласувајќи ги политиките и реформите за да го забрзаме економското усогласување. Европската иднина на Западен Балкан носи можности, но само ако се движиме заедно, а не одделно“, порача Битиќи.
На крајот од своето обраќање тој ја истакна важноста на нов пристап во регионалната соработка, кој ќе ги надмине старите модели на меѓусебно ривалство.
„Западен Балкан повеќе не може да си дозволи да биде поделен. Мораме да се натпреваруваме на глобално ниво, а не меѓусебно. Преку прифаќање на регионалната конкурентност наместо регионална конкуренција, можеме да изградиме економија која е отпорна, просперитетна и подготвена за иднината,“ заклучи Битиќи.
Економија
АД МЕПСО и АД ЕСМ: Заедно работиме на развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија

На денешната координативна средба, раководствата на АД МЕПСО и АД ЕСМ ги усогласуваа стратегиите за развој на електропреносна инфраструктура и можностите за интеграција на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, АД МЕПСО ги презентираше проектите со кои се става особен фокус на адаптација и проширување на капацитетот на преносната инфраструктура за нови производни извори на енергија и изградба на објекти за складирање на енергија, а АД ЕСМ ги презентираше плановите за проширување на производното портфолио.
На средбата беа разменети информации во однос на напорите кои се прават за изградба на нови преносни водови, нови трансформаторски станици и примена на напредни технологии со кои ќе се подобри ефикасноста и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем.
Двете компании се договорија да ја продолжат соработката и да ги динамизираат активностите за реализација на планираните проекти со единствена цел, да се одговори на идните предизвици во енергетиката и да се обезбеди одржлив и сигурен развој на енергетскиот сектор во државата.