Економија
Грција ја помага „Протон банка“
Грција презема чекори за поддршка на малa приватна банка со којa претседава поранешниот американски амбасадор во земјата, во услови на покрената истрага за проневера во која се инволвирани неколку големи акционери.
Грција презема чекори за поддршка на малa приватна банка со којa претседава поранешниот американски амбасадор во земјата, во услови на покрената истрага за проневера во која се инволвирани неколку големи акционери.Евангелос Венизелос изјави дека одлуката државата да ја зајакне „Протон банка“ донесена на 14 јули, еден ден пред опсежните стрес-тестови врз банките ширум ЕУ, беше диктирана од “државни интереси“, бидејќи се стравуваше дека може да има “негативни ефекти“ врз грчкиот банкарски систем.“За да се заштитат државните интереси, потребно е да се обезбеди непречено и безбедно функционирање на банката без оглед на нејзиниот акционерски состав, управување или лица кои директно или индиректно се поврзани со тоа“, рече Венизелос во соопштението.Министерството, исто така, објави писмо од страна на Венизелос од 14 јули, во кое тој предупредува на можните негативни ефекти “на грчкиот банкарски систем, доколку ’Протон банка’ се соочи во финансиски јаз“.Еден ден претходно, пишува денеска грчкиот весник „Елефтеротипија“, бил регистриран еднодневен итен државен депозит во висина од 100 милиони евра ($ 142,000,000) во Протон банка, а по наредба на Венизелос, и покрај забелешките на две официјални лица во Министерството, кои предупредија дека банката може да не биде во можност да ги врати парите.Грчките медиуми објавија дека специјалниот обвинител го истражува повлекувањето на 51 милиони евра во „Протон банка“, што извори од Банката на Грција го опишуваат како “невообичаено“.„Протон банка“, каде што во периодот од 2007-2010 година американскиот амбасадор во Грција Даниел Спекхард е неизвршен претседател, вети дека ќе соработува со властите, а еден од клучните акционери, бизнисменот Лаврентис Лаврентиадис негира дека направил некакви незаконски дејства.Банкарските сметки на Лаврентиадис и на уште седум други банкарските службеници биле замрзнати во очекување на резултатите од истрагата, објавија медиумите.Банката има мрежа од 30 филијали ширум Грција и 3,8 милијарди евра во капитал според податоците во март.Таа не беше на списокот на грчките банки доставени до ЕУ минатиот месец за стрес-тестови, кој се одржа за да се утврди нивниот отпор кон голем шок во финансискиот систем.Двете грчки банки – Еуробанк и државната ATEBank – не го издржаа предизвикот на времето.Грчките банки имаат претрпено големи загуби како резултат на должничката криза во Грција, па мораа да се потпрат на Европската централна банка за нови кредити за да останат во живот. /крај/timeslive
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

