Економија
Алкалоид со најголем промет
Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 27.352.996 денари. Од овој промет 16.151.345 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 11.201.651 денари.
Денес, на Македонска берза за хартии од вредност, беше остварен промет во износ од 27.352.996 денари. Од овој промет 16.151.345 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 11.201.651 денари.Индексот МБИ10 се намали за 1,65% и изнесуваше 2.452,49 поени. МБИД се зголеми за 0,26% и изнесуваше 2.528,26 поени, а ОМБ се намали за 0,06% и изнесуваше 117,82 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на „Алкалоид“ АД Скопје во износ од 4.146.980 денари по просечна цена од 4.369,84 денари.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на „Комерцијална банка„ АД Скопје со која беше остварен 2.045.860 денари промет по просечна цена од 3.545,68 денари.Трета беше акцијата на „Гранит“ АД Скопје со остварени 1.871.160 денари кои се тргуваа по просечна цена од 589,34 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М петта емисија . Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 92,30% и беа остварени 3.753.348 денари. На Редовниот пазар со класично тргување најтргувана хартија од вредност беше акцијата на „Тајмиште“ АД Кичево со која беше остварен промет во износ од 9.169.800 денари, по просечна цена од 1.550 денари./крај/пд Пет најтргувани хартии од вредност1. Тајмиште АД Кичево2. Алкалоид АД Скопје3. Обврзницата за денационализација на Р.М петта емисија4. Комерцијална банка АД Скопје5. Гранит АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. ОКТА АД Скопје %2. Македонски телеком АД Скопје %Хартии од вредност со најголем пад1. ТТК банка АД Скопје 6,09%2. Макошпед АД Скопје 4,50%3. Топлификација АД Скопје 3,75%4. Стопанска банка АД Битола 3,18%5. УНИ банка АД Скопје 2,95%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

