Економија
Пад на цените на акциите на берзите по намалениот кредитен рејтинг на САД
Цените на акциите на берзите во Азија денеска паѓаат, по објавата за првото намалување на кредитната способност на САД што го потресе меѓународниот финансиски систем и ги зголеми сомнежите дека светската економија слабее.
Цените на акциите на берзите во Азија денеска паѓаат, по објавата за првото намалување на кредитната способност на САД што го потресе меѓународниот финансиски систем и ги зголеми сомнежите дека светската економија слабее.Нафтата продолжи да губи на цена и се продава за нешто помалку од 84 американски долари за барел, што ги објаснува очекувањата на инвеститорите дека слабиот економски раст ќе ја намали побарувачката за петролеј.Доларот е понизок во однос на јенот и еврото, наведува Асошиејтед прес.На азиските берзи индекс Хан Сенг во Хонг Конг падна за 3,8 отсто, исто колку и јужнокорејскиот Касапи.Во Токио индексот Никкеи 225 загуби 2,2 отсто. Се очекува индексот Доу Џонс на Њујоршката берза да падне за 2,3 отсто.Истовременото јакнење на јенот, што ги прави јапонските производи поскапи, силно го погоди извозниот сектор на земјата.Акциите на групацијата Хитачи паднаа за четири отсто, Сони загуби 3,8 отсто, а Мазда Моторс 3,1 отсто.Смалувањето на досегашната беспрекорна оценка за способноста на САД да ги враќа долговите се придружи на растечкото стравување дека најголемата економија во светот се движи кон нова рецесија. Ваквите очекувања имаат поддршка во знаците дека европската должничка криза се заканува да ги зафати и големите економии во еврозоната, како што се Италија и Шпанија. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Политиките на Бектеши заслужни за тешката состојба во енергетскиот сектор, велат од ЕСМ
Крешник Бектеши како поранешен министер за економија, во чија надлежност до неодамна беше и енергетиката, наместо да преземе одговорност за затекнатите лоши состојби во оваа дејност, шета по медиуми и критикува за состојби директно создадени од неговите политики, истакнуваат од ЕСМ.
„Тој како кадар на ДУИ и раководителите кои оваа партија ги поставила во рамките на енергетските компании, преку низа погрешни потези, одиграле значајна улога да го доведат АД ЕСМ во незавидна состојба. Факт е дека претходната власт не успеала да реализира ниту еден енергетски проект кој ќе придонесеше кон енергетската независност на Македонија, или барем ќе ја намалеше увозната зависност на земјата од енергија. Наспроти тоа, од некогаш силна компанија во државна сопственост, со нестручно управување создале фирма со милионски долгови и загуби, наследени доспеани долгови, очајна техничко-технолошка подготвеност на производните капацитети, лошо изведени или воопшто непочнати ремонти, празни хидроакумулации и неплански третирани рудници за јаглен“, додаваат во соопштението.
Во однос на проектот Александрополис, Бектеши, како што нагласуваат од ЕСМ, ја изманипулирал јавноста дека Македонија има некакви придобивки, а всушност „има само наследени обврски кои АД ЕСМ, го чинат три милиони евра годишно, односно повеќе од 45 милиони евра за наредните 15 години за закупен капацитет за природен гас во терминалот кој засега нема да биде во можност да го користи. Тој треба да биде доблесен и да и признае на јавноста дека Владата во која тој беше министер влезе во проектот целосно неподготвена без бизнис план и стратегија. Според фактите, ниту НОМАГАС стана сопственик на 10 отсто од гасниот терминал, ниту АД ЕСМ сопственик на 25 отсто од гасната електрана во Александрополис. Бектеши спинува информации во врска и со ослободените количини на капацитетот на интерконекторот Ќустендил-Ждилово и си ги припишува како реализиран успех. Вистината е дека АД ЕСМ и ЕСМ Продажба немале потпишано билатерални договори со Булгартрансгас за ослободување на капацитет на интерконекторот Македонија Ќустендил-Ждилово со кој ќе се гарантира преносот на количини за овие компании, туку ослободените количини биле и се предмет на аукција за кои за гасните години 2023, 2024,2025, 2026, 2027 и 2028 година претходното раководство на АД ЕСМ не ги закупи, иако учествуваше на годинешните и кварталните аукции“, се појаснува во информацијата.
Од компанијата ги истакнуваат и условите за набавка на гас од ЕСМ Продажба и во минатите години.
„Имено, секогаш услов за продавачот, во јавните повици за прибирање понуди за набавка на природен гас, било тој да достави сертификат за квалитет на природниот гас, а не сертификат за потекло. Во овој контекст за споменување е фактот дека државата никогаш немала забрана на увоз на руски гас.
ЕСМ Продажба согласно со законската и подзаконската регулатива за грејната сезона 2024/2025 распиша јавен повик за набавка на гас на јавен и транспарентен начин, овозможувајќи им на сите добавувачи на природен гас кои ги исполнуваат условите од јавниот повик да достават понуди.
Понатаму, Бектеши зборува за увоз на струја, без притоа да објасни кои се причините и потребата од набавка. Целосна лага е дека цената на електричната енергија набавена за втората половина на септември и првата половина на октомври е повисока во однос на средствата издвоени во времето кога тој бил министер. Според фактите, токму во мандат на раководствата во кои учествувала ДУИ во АД ЕСМ се купувала струја по цена и преку 250 евра за мегават-час, а за набавка на овој енергент за потребите на АД ЕСМ, само за 2022 и 2023 година, се потрошени над 298 милиони еврa. Кумулативната набавка на електрична енергија само за минатата 2023 година изнесува 100,3 милиони евра за набавена
електрична енергија од 774.146 MWh“, напоменуваат во напишаното.
Од ЕСМ потсетуваат дека производната цена на електричната енергија на РЕК Битола само во периодот 2022 до 2024 била за повеќе од двојно зголемена од 61,9 евра MWh на 133,79 MWh. Тоа всушност, како што велат, е најдобар показател и доказ колку „домаќински“ се управувало со државните ресурси и колку биле успешни енергетските политики на Бектеши.
Економија
Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители
Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година“, велат од министерството и додаваат:
„Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко. Грижата за земјоделците е приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“
Економија
Среќата не се чека, почнуваат Lucky Days во Нептун!
Ви треба клима уред, компјутер, правосмукалка? Истражувате…
Старите слушалки губат контакт… Истражувате…
Машината за алишта веќе не пере како порано… Истражувате…
Имате 1000 прашања и дилеми, не знаете кој уред е најдобар за вас, не сакате да згрешите во изборот, ниту да се покаете дека сте купиле нешто што не вреди за парите…
Толку многу информации на располагање, но се уште не може да донесете одлука?
Од 14.10.2024 почнуваат Lucky Days во Нептун, со огромни попусти, неверојатни заштеди и супер поволности за плаќање до дури 60 рати. Од ХХ.ХХ најголемиот бренд за производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење од над 15 врвни брендови ги отвора своите најдобри понуди и иновативни решенија за домот по извонредно ниски цени.
Lucky Days е периодот кога треба да зачекорите онаму каде што живее техниката, бидејќи никој никогаш до сега не ги победил најдобрите цени во овие „среќни денови“ што се реализираат само неколку пати во годината.
Дополнително, од почетокот на 2024 година, Нептун направи и огромни инвестиции во развој, реновирање и прилагодување на десетина продавници со цел да го подобри квалитетот и корисничкото искуство. Таа стратегија продолжува и во 2025, со цел Нептун секогаш да го понуди најдоброто на своите купувачи.
Затоа, облекувајте патиките за спринт и доаѓајте, бидејќи почнуваат Lucky Days во Нептун! Единствената и уникатна кампања на пазарот која е повеќе од само продажна атракција, затоа што освен најдобрите понуди, огромни попусти, намалување до 55%, можност за плаќање до 60 рати, ќе бидете пречекани и од врвен, способен, едуциран и искусен тим, што ќе ви понуди одлична навигација низ портфолиото на производи, ќе ви овозможи споредба на карактеристики, функционалност и демонстрација на посакуваниот уред.
Никој не прави поголем продажен спектакл од Нептун со своите Lucky Days! Ајде во НЕПТУН!
(ПР)