Економија
ММФ: Финансискиот систем го притиска кризата на довербата
Заканите за стабилност ана светскиот економски систем значително зајакнаа изминатите неколку месеци, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во средата во своето најново известување, предупредувајќи дека кризата на довербата го зема данокот и во стопанството и во финансискиот систем.
Заканите за стабилност ана светскиот економски систем значително зајакнаа изминатите неколку месеци, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во средата во своето најново известување, предупредувајќи дека кризата на довербата го зема данокот и во стопанството и во финансискиот систем. Финансискиот систем е притиснат од послабиот стопански раст, должничката криза во еврозоната и намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, констатираше ММФ во редовниот полугодишен извештај.Кризата којашто започна на американскиот пазар на второкласните хипотекарни заеми сега влегува во петтата година, при што нејзината најнова фаза ќе ја одбележи политиката, проценуваат во ММФ во извештајот за финансискиот систем. „Се наоѓаме во самиот центар на кризата на довербата која го зема својот данок и во стопанството и во финансискиот систем“, заклучува финансискиот советник и челник на монетарниот и одделот за пазарите на капиталот во ММФ, Хозе Виналс. Според него, подобрувањата од минатите три години делумно се анулирани. Европските и американските политички лидери сé уште не издејствуваа поддршка за зајакнување на макрофинансиските стабилности и спроведување на реформите за поттикнување на стопанскиот раст, па пазарите почнаа да се сомневаат во нивната способност да ги преземат потребните мерки. Во Европа стравувањата во врска со нивото на јавниот долг се пренесоа и на банкарскиот систем, зголемувајќи ги трошоците за задолжување за многу банки и намалувајќи ја нивната пазарна вредност, констатираат во ММФ.Во Фондот проценуваат дека европските банки се изложени на ризикот поврзан со обврзниците на задолжените членки од еврозоната во износ околу 200 милијарди евра. Таа бројка не ги одразува потребите на банките за дополнителен капитал, туку зголемувањето на опасноста поврзано со обврзниците во изминатите две години. Поради тоа, банките во Европската унија мора да продолжат да ги засилуваат заштитните механизми, што ќе им овозможи полесно да се носат со последиците од прелевањето на проблемите од поризичниот јавен сектор. Решавањето на проблемот на јавниот долг, пак, го кочат политичките несогласувања, како и во самите држави кои ги спроведуваат мерките на штедење, така и меѓу земјите коишто им помагаат, се констатира меѓу другото во полугодишниот извештај на ММФ.Истовремено засилени се и стравувањата во врска со долгорочната одржливост на американскиот јавен долг, Ако не бидат отстранети, се заканува опасност од повторување на засилениот ризик во врска со обврзниците, со сериозни последици за целиот свет.„Ризиците се засилени а недостига време да се отстранат слабостите коишто го загрозуваат финансискиот систем и актуелното стопанско заздравување“, заклучува ММФ/крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

