Економија
Бидете креативни-странските инвеститори бараат квалификуван кадар

Ако не можете да создавате корпорации, создавајте мали и средни претпријатија бидете креативни за да произведувате нови технолошки знаења, бидејќи само така ќе бидете конкурентни на пазарот.
Ако не можете да создавате корпорации, создавајте мали и средни претпријатија бидете креативни за да произведувате нови технолошки знаења, бидејќи само така ќе бидете конкурентни на пазарот.
На овој начин им се обрати претседателот Ѓорге Иванов на младите студенти на отворањето на Националниот натпревар за најдобар бизнис план во средните училишта во Македонија, кој се одржува на Машинскиот факултет.
„Отворете го умот и размислувајте надвор од сите шаблони, така ќе дојдете до нови идеи и решенија. Ако не создавате големи корпорации, тогаш создавајте мали и средни претпријатија, но со нови идеи и иновации, бидејќи сите стекнати богатства се раѓаат од идејата“, рече Иванов.
Тој им објасни дека претприемништвото е главен двигател на иновациите и на економскиот раст, и додаде дека е потребно да се охрабри работата на малите и средни претпријатија бидејќи тие се носители на економскиот развој на секоја успешна земја.
„Она што вие ќе го креирате како кадар во средните училишта, а ние ќе се потрудиме да го доквалификуваме, е вистинската добивка за Македонија. Сите странски инвеститори бараат добро квалификуван кадар“, истакна Атанас Кочов, декан на Машински факултет.
Во училишта се организираат натпревари за претприемништво од каде потоа најдобри тимови се испраќаат на државниот натпревар кој се одржува во мај. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ФЕРОИНВЕСТ ќе ги воведе батериските системи на WEIHENG во Македонија

Фероинвест постигна договор за застапништво за Македонија на батериските системи на компанијата Weiheng, која е глобално препознатлива по иновативни решенија за складирање енергија. Таа се рангира меѓу водечките компании во оваа индустрија и има рејтинг ААА според независните анализи на Bloomberg.
Асортиманот на производи на Weiheng вклучува високонапонски хибридни системи за складирање енергија, кои се идеални за фотоволтаици за фабрики, комерцијални објекти и електрани.
Брендот нуди и модуларни решенија за фотоволтаици со интегрирана моќност до 5 MW, како и напредни фабрички системи за енергетска ефикасност.
Во наредниот период, Фероинвест со Weiheng ќе организира специјализирана презентација во Скопје, која ќе биде од голема важност за сите заинтересирани, со фокус на големите системи за складирање енергија и нивните предности, како и можностите за изведување на проекти по принципот ,,клуч на рака” од страна на Фероинвест.
Високи претставници на Фероинвест и на Weiheng во моментот се присутни на престижниот саем KEY – The Energy Transition Expo во Римини, Италија, кој е фокусиран на високи технологии, особено во областа на складирање на електрична енергија.
ПР текст
Економија
Кочоска: 10,4 милиони евра е вредноста на првата транша што ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.
„Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија. Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолни услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Дмитриевскса Кочоска и додаде:
„Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот“.
Поради големиот интерес од компаниите, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека добил инспирација Владата да обезбеди уште „евтини пари“ како оние од унгарскиот кредит оти, како што рече, „бизнисот е гладен“.
Економија
„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

Скопје, 5 март 2025 „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива.
„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција.
Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ – уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.
„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година. Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност. И секако, неизмерно сме благодарни на нашите соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.
ПР текст