Економија
На Вол стрит пад на цените на акциите
На Вол стрит по три дена раст во средата е забележан остар пад на цената на акциите, особено во рударскиот и енергетскиот сектор, бидејќи инвеститорите стравуваат дека европската должничка криза може да предизвика нова рецесија во најголемите светски стопанства.
На Вол стрит по три дена раст во средата е забележан остар пад на цената на акциите, особено во рударскиот и енергетскиот сектор, бидејќи инвеститорите стравуваат дека европската должничка криза може да предизвика нова рецесија во најголемите светски стопанства. Индексот Dow Jones ослабе за 1,61 отсто на 11.010 бодови, S&P 500 се намали за 2,07 отсто на 1.151 бод а Nasdaq за 2,17 проценти на 2.491 бод. На самиот почеток од вчерашното тргување индексот Dow Jones забележа скок за повеќе од 120 бодови, откако беше објавено дека во август новите порачки за трајните производи во американската индустрија паднале за 0,1 отсто, што е значително помалку отколку што се очекуваше. Но во продолжетокот од тргувањето тие добивки беа намалени, за да во последниот час од тргувањето во средата цените на акциите остро да паднат бидејќи спласнаа очекувањата дека европската должничка криза ќе биде решена толку брзо колку што се надеваа инвеститорите. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека можеби е потребно повторно да се разговара за условите од вториот пакет помош за Грција. Неколку членки од еврозоната сметаат дека банките би требало да поднесат поголеми загуби на грчките обврзници, но Франција и Европската централна банка се спротиставуваат на тоа. Во четвртокот, пак, германскиот парламент треба да гласа за зголемување на можноста на фондот за финансиска стабилизација, за поефикасно справување со должничката криза, додека инспекторите од ММФ, ЕУ и ЕЦБ овие денови ќе проверуваат дали Грција ги исполнила зададените услови за добивање на новата финансиска помош којашто оваа членка на еврозоната би ја спасила од банкрот. Стравувањата на инвеститорите дека должничката криза ќе предизвика нова рецесија во најголемите стопанства во светот, а со тоа и намалување на побарувачката на сировини, предизвика во средата пад на цената на нафтата за повеќе од три а на бакарот за повеќе од пет отсто. Поради тоа, и остро паднаа цените на акциите во рударскиот и во енергетскиот сектор. Така, индексот S&P 500 на рударскиот сектор се намали за 4,5 а за енергетскиот за 3,0 проценти. Иако значително помалку, паднаа и цените на акциите и во другите сектори, па во средата само 13 акции содржани во С&П 500 индексот ја зголемија својата вредност И на европските берзи цените на акциите во среда забележаа пад,. Лондонскиот FTSE индекс падна за 1.44 отсто на 5.217 бодови, франкфуртскиот DAX ослабе за 0,89 на 5.578 бодови, а парискиот CAC се намали за 0,92 отсто на 2.995 бодови./крај/ро/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика
Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани. Овој буџет, буџетот за 2026 е креиран во услови на глобална непредвидливост, но сепак се осврнува на потребите на граѓаните и институциите, рече пратеничката Весна Георгиева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во надлежната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.
Според неа овој Предлог буџет за 2026 година нуди јасна визија, стабилна основа.
„Пораката од буџетот за следната година е силна порака економски раст и фискална дисциплина во државата“, вели Георгиева.
Проектираниот раст на економијата за 3,8 раст е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст.
„Ова е сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо. Ова покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Ова е внимателно испланиран буџет без авантури и со одговорност кон идните генерации“, заклучи Георгиева.
Економија
Костадиновска Стојчевска: За 91% е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик
Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање.
Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи.
Кога со ребаланост се намалија средствата рековме дека нема да дозволиме тој да не профункцира, за потоа да донесете измени во законот со кои инспекторатот се намали на ниво на одделение, отсек во министерството за култура, за сега да добие 91% намален буџет, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека и нема услови за работа на инспекторатот, а нема ниту огласи за вработување лектори.
Костадиновска Стојчевска истакна дека не се доделени никакви средства адаптација на основното училиште во Љубојно во центар за промоција на македонски јазик, каде нема никакво придлижување.
Буџетот за реконструкцијата на објектот Музеј на Македонија е намален 33%, а да ве потсетам таму се на ревитализација иконите вратени по првата реституција, и тоа 21 икона украдени во 2013 година, а откако ќе се ревитилазираат треба да бидат изложени во тој музеј, рече Костадиновска Стојчевска.
Тоа кажува за приоритетите на министерството за култура, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска пред собраниската комисија за финансирање.
Економија
Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура
На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.
„Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски домови и за брзо од денес ќе заминат во историја оние денови кога студентите ги сместувавме во домови кои личеа на концентрациони логори, оперативните планови за вработувања и мерки за самовработувања не се само на хартија и наменети за привилегираните, туку тие се за сите. Нема општина каде не се гради нов спортски терен или комплекс, нема место каде не се гради нова градинка или училиште“, рече Попов.
Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог – буџетот кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.
„Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина“, вели Попов.

