Економија
Шапчески не доби согласност за директор на ЦДХВ

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) едногласно донесе решение со кое не даде согласност Стеван Шапчески да биде повторно именуван за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ).
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) едногласно донесе решение со кое не даде согласност Стеван Шапчески да биде повторно именуван за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ). Комисијата оценила дека поради досега изречените мерки на предложениот кандидат му е нарушен интегритетот за функцијата директор и со такво поведение согласно Законот и Правилникот за начинот и постапката на давање согласност за именување на директор на депозитар за хартии од вредност не може да биде директор на наведената институција. Според евиденцијата на Комисијата, против Шапчески како директор на ЦДХВ изречени се повеќе санкции од кои неколку се времени одземања на согласноста за директор во траење од 30 работни дена. Стеван Шапчески на ова акционерско друштво е директор од октомври 2001 година, а мандатот му истекува во октомври, се вели во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемена за 30%

Цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемена за 30% или 10 пати повеќе отколку импутот, изјави денес премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
„Во рамките на земјоделството се случува еден параметар кој што е многу значаен за економијата, за граѓаните, но и за земјоделците бидејќи трошоците при импутот, односно оние трошоци кои што им се потребни на земјоделците за да произведат се зголемуваат за од прилика 10 пати помалку, отколку цената по која што тие ги продаваат производите“, рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека трошоците на земјоделците за производ на одреден земјоделски производ се зголемени за нешто над 3%, а цената на производот со која го продаваат е зголемен за нешто повеќе од 30%.
„Да бидам попрецизен, импутот, односно оние трошоци кои што ги имаат земјоделците за да произведат одреден земјоделски производ се зголемени за од прилика 3%, нешто над 3%, а цената на производот која што тие ја продаваат е зголемена за повеќе од 30%, затоа велиме импутот е од прилика нешто над 3% зголемен, а додека пак аутпутот, цената со која земјоделците го продаваат земјоделскиот производ е зголемен за 30% или 10 повеќе отколку импутот, и тоа е добро, повеќе пари кај земјоделците, тоа значи поголем развој кај земјоделството, повеќе храна, помалку увоз“, појасни премиерот Христијан Мицкоски и додаде:
„Тоа беше еден од нашите врвни приоритети и во таа насока ќе продолжиме како Влада да се движиме“, додаде премиерот.
Економија
Божиновска – Колумбија: Соработката со Обединетите нации е клучна за унапредување на националните политики

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работен состанок со Рита Колумбија, Постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија.
На средбата беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката во областа на обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, поддршка на ранливите категории и развој на иницијативи за климатски промени и животна средина.
Една од клучните теми беше поддршката од Обединетите нации за организацијата на 14-тиот Интернационален форум за енергија за одржлив развој (14-ИФЕСД), којшто во организација на Министерството за енергетика ќе се одржи од 28-30 октомври 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија. Рита Колумбија ја потврди подготвеноста Обединетите нации да помогнат за учество на релевантни говорници на високо ниво, што ќе ја зголеми значајноста и ефектот од форумот.
„Соработката со Обединетите нации е клучна за унапредување на националните политики и за обезбедување конкретна корист за граѓаните. Со поддршката на ОН за нашиот форум ќе можеме да обезбедиме експерти и релевантни говорници кои ќе ја кренат дискусијата на високо ниво.“ истакна министерката Сања Божиновска.
На средбата беше дискутирано и за можностите за продлабочување на соработката околу Зелениот финансиски инструмент, воведување на државни обврзници врзани со одржливост и поддршка на енергетските заедници, со цел обезбедување на поинклузивни и одржливи решенија за граѓаните.
Економија
Почна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани

Започна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани. Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази.
„Од тоа што разговаравме со директорот, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси. Така што, јас сум навистина задоволен што можам да кажам дека како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата, „Амфенол“ тука во Кочани, како што кажа и директорот во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на „Амфенол“. Така што за нас компанијата претставува стратешки партнер“, рече Мицкоски.