Економија
Американците Серџент и Симс ја добија Нобеловата награда за економија
Американците Томас Сарџент и Кристофер Симс ја делат годинешнава Нобелова награда за економија, која им е доделена за придонесот во истражувањето на причините и последиците во макроекономија, соопшти во понеделникот Шведската академија на науките.
Американците Томас Сарџент и Кристофер Симс ја делат годинешнава Нобелова награда за економија, која им е доделена за придонесот во истражувањето на причините и последиците во макроекономија, соопшти во понеделникот Шведската академија на науките. Лауреатите развивале методи за одговор на прашањата како што се оние како зголемувањето на каматните стапки и намалувањето на даноците влијаат врз Бруто домашниот производ (БДП) и инфлацијата, или што се случува кога некоја влада ќе ги измени целите за балансирање на буџетот, се наведува во образложението на Шведската академија на науките. Со ова Кралската академија во Стокхолм (Шведската академија на науките), направи сепак мало истапување од досегашната практика, при донесувањето на одлуката да ги занемарува актуелните случувања и во предвид да го зема исклучиво придонесот во економската теорија.Притоа се додава дека Серџант и Симс во своите истражувања успеале да одговорат и на прашањата поврзани со вообичаениот однос меѓу економските политики и различните макроекономски варијабили, како што се покрај БДП-то и инфлацијата, и стапката на невработеност и инвестициите. Сарџент, кој е професор на Њујоршкиот универзитет, покажал како структурална макроекономија може да биде исползувана за анализа на перманентните промени во економската политика. Симс, кој е професор на престижниот Универзитет Принстон, ја разви методата со којашто анализирал како врз економијата влијаат промените во економската политика и другите фактори. Академијата наведува дека иако Сарџенти Симс независно еден од друг ги спроведувале истражувањата, нивниот придонес е на повеќе начини комплементарен. Се додава, исто така, дека методите што ги развиваа овие двајца научници, станале суштински алатки во макроекономските анализи. Светскиот стопански раст во моментот е забавен под притисокот на должничката криза во еврозоната, но и во САД. чии последици почнаа да се чувствуваат и во стопанствата во развој, како што е она во Кина. Минатата година наградата ја добија британско-кипарскиот експерт за пазарите на трудот Кристофер Пасаридес и Американците Питер Дајмонд и Дејл Мортенсен.Нобеловата награда за економија е востановена од 1968 година и не е составен дел од групата награди коишто се доделуваа според тестаментот на шведскиот индустријалец, изумувач, мислител и претприемач Алфред Нобел од 1895 година. Таа е основана многу под страна на Шведската државна банка при одбележувањето на 300-годишнината од нејзиното основање којашто донира средства во износ еднаков колку што изнесува и наградата за откритија за физиологија или медицина, физика, хемија, литература и мир, односно 10 милиони шведски круни или милион евра.Сите награди ќе бидат доделени истовремено во Стокхолм и во Осло на свечените церемонии на 10-ти декември на денот на смртта на Алфред Нобел./крај/ро/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

