Економија
Европските акции ослабеа пред гласањето во Словачка
Европските акции ослабеа во вторникот, по четири дена раст, во претпазливото тргување пред гласањето во Словачка за проширување на овластувањата на европскиот фонда за спас и почетокот на американската сезона на деловни извештаи.
Европските акции ослабеа во вторникот, по четири дена раст, во претпазливото тргување пред гласањето во Словачка за проширување на овластувањата на европскиот фонда за спас и почетокот на американската сезона на деловни извештаи. Лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,7 отсто на 5.360 поени, франкфуртскиот DAX за 0,5 отсто на 5.820 поени, како и парискиот CAC за 0,5 проценти на 3,11 поени.Трговците беа претпазливи пред гласањето во Словачка за проширувањето на овластувањата на спасувачкиот фонд на еврозоната. Словачка е последната членка од 17-те од еврозоната којашто треба уште да гласа за договорот на европскиtе лидери за зголeмување на износот и овластувањата од Европскиот фонда за финансиска стабилност EFSF. Гласањето во парламентот во Братислава на кое истовремено премиерката Ивета Радичова го постави и прашањето за довербата на нејзината влада, бидејќи една од четирите владејачки партии не го поддржува предлогот врзан со EFSF, треба да се одржи во вторник попладне. Најголемиот губитник во вторникот она пазарите беше секторот на базни суровини, кој во просек ослабе за 1,4 отсто, врз основа на загриженоста за растот и приходноста од продажбата по растот на сопственоста на акциите за дури 15,6 отсто во последните четири дена. Со загуби се издвојуваа и производителите на бакар, како што се „Kazakhmys“ и „Xstrata“, кои поради падот на цените на овој метал ослабеа за 2,5 односно за 2,4 отсто.Европската унија го одложи во понеделникот самитот за една седмица, за да добие во време за пошироко решение на грчката должничка криза, откако Атина објави дека ќе ги заклучи преговорите со меѓународните кредитори за исплатата на следната транша од помошта којашто и’ е неопходна за да може да ги сервисира своите долгови и да не прогласи банкрот. Во вторникот попладнето „тројката’’ на доверителите – Европската комисија, Европската централна банка и на Меѓународниот монетарен фонд – соопшти дека Грција најверојатно во почетокот од ноември ќе ја добие редовната транша во висина од 8 милијарди евра.Од поединечните акции, германската воздухопловна компанија „Lufthansa“ загуби на вредноста 3,1 отсто, откако американската банка „Bank of America Merrill Lynch“, и4 го намали кредитниот рејтинг а германските контролори на летањето се закануваат со штрајк. Некои аналитичари сепак останаа оптимисти, велејќи дека словачкото гласање ќе биде афирмативно и дека пазарот едноставно малку слабее по силните добивки од претходните четири дена. По затворањето на пазарите во вторникот, алуминиумската компанија „Alcoa“ ќе ја отвори американската сезона на деловни извештаи за третото тримесечје. Банкарската групација „JPMorgan“ ќе ги објави своите извештаи во втората половина на седмицата. „Во сезоната на извештаите за заработките, фокусот ќе биде ставен на прогнозите и на тоа дали тие ќе ги наведат аналитичарите уште повеќе да ги намалат сопствените прогнози за 2012 година““, вели Џереми Батстон-Кар, стратег во компанијата „Charles Stanley“.Индексот, пак, на токиската берза Nikkei зајакна за 2,0 отсто на 8.773 поени./крај/ро/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

