Економија
Кина се надева дека ЕУ ќе го спроведе планот за спасување

Официјален Пекинг денеска соопшти дека Кина се надева оти Европа ќе се држи до планот за борба со должничката криза и откако Грција најави референдум за прифаќање на европскиот договор.
Официјален Пекинг денеска соопшти дека Кина се надева оти Европа ќе се држи до планот за борба со должничката криза и откако Грција најави референдум за прифаќање на европскиот договор.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи, рече дека Кина „знае“ за најавата на референдумот во Грција и „дека се надева дека Европа чесно ќе го спроведе релевантниот план за решавање на кризата“.
Државната кинеска агенција Синхуа отиде и чекор понатаму и ги повика лидерите на Европската унија(ЕУ) да ја убедат Грција да се откаже од идејата за референдум истакнувајќи дека под итно мора да се спречи неуспехот на планот за спасување.
Лидерите на ЕУ минатата недела постигнаа договор за спасување на Грција и целата еврозона од должничката криза, но сега постои стравување дека Грција ќе го отфрли планот. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Иран остана без гас бидејќи Ирак го запре вентилот по наредба на САД

Ирак денеска ќе го запре увозот на гас од Иран како дел од условите што ги постави администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа одлука беше поздравена од страна на Стејт департментот на САД, кој ја потврди потребата од елиминирање на енергетската зависност од Иран.
Ирачката влада ќе мора да најде алтернативен извор на гас за да ја задоволи потребата за енергија, но некои пратеници ја изразија својата загриженост, посочувајќи дека во моментов нема јасна алтернатива за задоволување на потребите на земјата.
„Ирак дневно увезуваше 50 милиони кубни метри гас од Иран за напојување на своите електрани“, пренесува Асарак ал Авсат. Властите во Багдад сега се соочуваат со предизвик да обезбедат нови извори на енергија.
Портпаролката на Стејт департментот ја поздрави посветеноста на ирачкиот премиер во напорите да ја зголеми енергетската независност на земјата: „Повикуваме Ирак да ја елиминира зависноста од иранските енергетски извори што е можно поскоро“.
Со оваа мерка, САД дополнително го засилуваат притисокот врз Багдад да дозволи извоз на сурова нафта од Курдистан преку Турција, што е дел од пошироката стратегија за економска изолација на Иран и намалување на приходите од нафтата, кои служат за финансирање на нуклеарната програма на Иран.
Свет
(Видео) Хаос во Цирих, полицијата користеше гумени кушруми и созавец врз демонстрантите
Оваа сабота, на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, во Цирих беше најавена неовластена демонстрација на левичарските екстремисти за правата на жените, која се одржа и на крајот настана целосен хаос!
Расположението на собирниот плоштад првично беше мирно, но полицијата постави блокади на патиштата. Полицијата беше вооружена со штитови и пушки и најави дека ова е неовластена демонстрација која ќе ја толерира се додека е мирна.
Сепак, набрзо избувна хаос. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите и ги турна назад со палки, а некои од демонстрантите мораа да побараат лекарска помош.
Zürich: Nicht bewilligte #Demonstration zum #Weltfrauentag. Die Polizei setzt Reizgas und Schlagstöcke ein. Zur #Demo gegen «Vereinzelung, Krieg und Patriarchat» aufgerufen haben linksradikale Gruppierungen. #Frauentag #InternationalWomensDay #IWD2025 #WomansDay #WorldWomensDay pic.twitter.com/PBtVf5HDKR
— LIVE1 (@LIVE1TV) March 8, 2025
Еден демонстрант претрпел оштетување на слухот.
За време на демонстрациите во Цирих имаше и материјална штета, при што некои згради беа обоени во црвено и фрлани јајца.
Според еден од присутните, полицијата го започнала насилството: „Полицијата едноставно ги нападна демонстрантите со гумени куршуми, палки и пепер спреј“.
Еден полицаец паднал на земја, но не е повреден.
Економија
УЈП воведува нови функционалности за поднесување барања за кодови за пресметка на плати

Управата за јавни приходи (УЈП) ја заврши надградбата на системот за е-Даночни услуги со нова функционалност, која овозможува поднесување барање за издавање на код за идентификација на МПИН пресметките за плати. Оваа новина ги информира даночните обврзници и сметководителите за новите процедури.
„Даночните обврзници кои се соочуваат со проблеми во врска со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, треба да поднесат барање за нов код преку системот е-Даночни услуги. Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи“ под подменито „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат достапни на профилите на корисниците во соодветното мени“, соопштуваат од УЈП.
Дополнително, УЈП потсетува дека оние кои одлучиле да ги користат МПИН пресметките преку системот е-Даночни услуги, согласно со последното соопштение од 6 март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање нов клуч за пресметка на платите.
„Скоро ќе излеземе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот систем за пресметка на плати“, велат од УЈП.