Економија
Инвеститорите на Волстрит и натаму загрижени од Италија
Во понеделникот на Волстрит цените на акциите паднаа бидејќи растот на приносите од италијанските обврзници и обврзниците на другите членки од еврозоната ги потсети инвеститорите дека должничката криза може да излезе од контрола, и по крај промената на владите во Италија и во Грција.
Во понеделникот на Волстрит цените на акциите паднаа бидејќи растот на приносите од италијанските обврзници и обврзниците на другите членки од еврозоната ги потсети инвеститорите дека должничката криза може да излезе од контрола, и по крај промената на владите во Италија и во Грција. Индексот Dow Jones ослаби за 0,61 отсто на 12.078 поени, додека S&P 500 падна за 0,96 отсто на 1.251 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,85 отсто на 2.657 поени. Италија во понеделникот плати рекордни камати од 6,29 отсто на петгодишните државни обврзници, додека на слична аукција пред еден месец камата изнесуваше 5,32 отсто.Првата аукција откако Италија новата техничка влада по оставката на премиерот Силвио Берлускони е предводена од комесарот на Европската унија, Марио Монти, покажа дека инвеститорите не се убедени дека Рим ќе успее да ги спроведе неопходните мерки за штедење. „Проблемите со коишто се соочени Италија и Грција значително се поголеми од прашањата за премиерите. Италија во новонастаната ситуација не се најде за пет минути, па нема ниту да излезе од неа за пет минути. Решавањето на должничките проблеми ќе потрае со месеци“, смета Дам Гринхаус од брокерската куќа BTIG.Слична е ситуацијата и во Грција, каде што исто така е именуван нов премиер, чијашто влада треба да го воведе дополнителните остри мерки за штедење за Атина да ја добие новата транша од меѓународната помош и така да го избегне банкротот. Чувствително во однос на минатата седмица пораснаа и приносите на обврзниците на Шпанија и на Франција. Растот на приносите внимателно се следи бидејќи секое покачување на каматите за Италија и за другите држави дополнително го отежнува отплатувањето на долговите. Должничката криза така остава сé подлабока трага и врз реалното стопанство. Во понеделникот беше објавено дека индустриското производство во еврозоната во септември падна за 2 отсто, најмногу од почетокот на 2009 година. „Тоа укажува на промената на донеодамна позитивните трендови во Европа и ги потврдува процените дека во тековниот квартал стопанството на еврозоната може да потоне во блага рецесија“, вели Џеф Клејнтоп, стратег во компанијата „LPL Financial“.И на европските берзи акциите во понеделникот забележаа пад. Лондонскиот индекс FTSE oслаби за 0,47 отсто на 5.519 поени, францускиот DAX падна за 1,19 проценти на 5.985 поени а парискиот CAC за 1,28 на 3.108 поени./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

