Контакт

Економија

Отворен саемот Агрофуд 2011

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, вчера вечер ја отвори традиционалната саемска манифестација посветена на земјоделско-прехранбениот сектор – Агрофуд 2011.

dobivaj vesti na viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, вчера вечер ја отвори традиционалната саемска манифестација посветена на земјоделско-прехранбениот сектор – Агрофуд 2011.„И оваа година, од оваа реномирана саемска манифестација на светот ќе му испратиме јасна порака дека местото на македонското земјоделство е до современите економии, не случајно, бидејќи во неколкуте изминати години покажавме дека со искрена заложба и со сериозна финансиска поддршка да се поправи ова што со децении било заборавено.Затоа што еден високопродуктивен сектор може и треба да биде водечки и во нашата држава, зошто има можности за развој, а и предизвиците во светски рамки за него од ден на ден стануваат се поголеми“, потенцира министерот Димовски.Во рамки на Агрофуд 2011, годинава, за прв пат се одржува „Вински фестивал“, кој според министерот Димовски, е уште една можност за промоција  на Македонија како сериозен производител на врвни и високо квалитетни вина.„Сите досегашни вложувања во винарскиот сектор претставуваат потврда на заложбите на владата за развој на оваа перспективна стопанска гранка, а тие, веќе ги даваат позитивните резултати. Преку зголеменото производство на вино, трасирањето на македонските вински патишта,како и преку зголемување на домашните и странските гости кои уживаат во македонското вино“, истакна министерот Димовски. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Божиновска и де Грут: Можности за големи енергетски инвестиции и зелена трансформација во Македонија

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој ја надгледува активноста на банката во Западен Балкан, вклучително и Македонија. Средбата се одржа во рамките на посетата на потпретседателот де Грут на земјата, при што тој ја потврди својата поддршка за развојот на стратешки проекти во енергетскиот сектор.

dobivaj vesti na viber

На средбата, министерката и потпретседателот на ЕИБ разменија мислења за идните проекти и иницијативи кои банката може да ги поддржи во земјата, со посебен фокус на енергетската транзиција, модернизацијата на електроенергетската инфраструктура и зголемувањето на енергетската ефикасност. Беа разгледани можностите за комбинирана финансиска, техничка и експертска поддршка, која ќе овозможи побрза подготовка и реализација на проекти со висок приоритет.

Особено внимание беше посветено на поддршката на иницијативи за поддршка за проекти поврзани со трафостаници и електроенергетска инфраструктура, со користење на флексибилни модели на финансирање.Подготвеност за вклучување во активности поврзани со РЕК Битола, особено во делот на енергетска транзиција, модернизација и зголемување на ефикасноста на производствените процеси.

ЕИБ располага со експерти за енергетска ефикасност и развиени програми во оваа област, спроведени во други земји. Понудена е експертиза и поддршка во дизајнирање и имплементација на слични програми на национално ниво.

Потпретседателот де Грут истакна дека ЕИБ е подготвена да обезбеди не само финансиска поддршка, туку и експертиза за развој на програми за енергетска ефикасност и инфраструктурни проекти, со цел да се зајакне националниот потенцијал и да се унапреди одржливиот развој.

Министерката Божиновска нагласи дека Македонија ја цени соработката со ЕИБ, која ќе придонесе за забрзување на реализирањето на клучни проекти во енергетскиот сектор и зајакнување на енергетската независност и одржливост на земјата.

Од страна на банката беше изразена силна заинтересираност за воспоставување поинтензивна соработка и поддршка на нови иницијативи во различни сектори

Прикажи повеќе...

Економија

Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција Скопје

Објавено пред

Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди и служи за метролошко испитување на броилата, денес беше посетено од Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

dobivaj vesti na viber

Ова тело врши проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците. Неговата работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на нивниот квалитет, како и вонредна инспекција на исправноста на броилата (А-тест) со цел да се обезбеди точност, сигурност и доверливост при мерењето на потрошената електрична енергија.

Посетата произлезе по реализација на 13-тата редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кои повторно годинава потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.

Министерката Божиновска, во придружба на директорот на Бирото за метрологија, Седад Рушани, ја разгледаа опремата што се користи во лабораторијата, вклучувајќи ги и седумте современи испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ.

Тие се запознаa со професионалниот тим кој секојдневно обезбедува прецизни, сигурни и транспарентни метролошко испитувања на броилата.

„Нашата земја располага со висококвалификувани лаборатории кои работат според највисоките меѓународни стандарди. Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на Електродистрибуција е пример за професионализам и транспарентност. Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес.“ порача Божиновска.

Менаџерскиот тим на Електродистрибуција, нагласи дека компанијата ќе продолжи да вложува во развој на технологијата и обуката на стручниот тим со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во процесот на испитување на броилата со највиски стандарди на квалитет. Од 2012 година кога Телото за инспекција на броила прв пат било акредитирано, компанијата успешно ја обновува акредитацијата пред највисоките државни тела, секогаш со позитивна оценка.

„Во Електродистрибуција вложуваме во знаење, технологија и системи кои обезбедуваат точност и објективност во процесот на испитување на броила. Во овој процес секој детал е важен, од најсовремената опрема до стручноста на тимот кој стои зад секоја проверка.“ истакна менаџерскиот тим на Електродистрибуција. Тимот на Електродистрибуција пред присутните детално ја презентираа технологијата, процесите и постапките кои се практикуваат во насока на спроведување на активностите поврзани со проверка и метролошко тестирање на броилата.

Прикажи повеќе...

Економија

Голема промена на летовите на „Рајанер“, грешката ќе ве чини скапо

Објавено пред

Од

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ целосно ги елиминира своите шалтери за пријавување, преминувајќи на исклучиво дигитално работење. Патниците сега мора да се пријават онлајн и да имаат дигитална или испечатена карта за влез во авионот со себе.

dobivaj vesti na viber

Според новите правила, сите патници мора да се пријават преку апликацијата на „Рајанер“ или официјалната веб-страница пред да пристигнат на аеродромот. По пријавувањето онлајн, тие мора да ја преземат картата за влез во авионот на својот мобилен телефон или да ја испечатат. Без една од овие две опции, влезот во авионот нема да биде можен.

Иако шалтерите за пријавување се елиминираат, патниците што патуваат со багаж сè уште ќе можат да ги користат шалтерите за самопослужување за оставање багаж. Со други зборови, промената се однесува само на процесот на пријавување, додека системот за оставање багаж останува ист.

„Рајанер“ е познат по своите строги правила и високи такси, а новата дигитална политика не е исклучок. Патниците кои нема да се пријават за својот лет преку интернет пред да пристигнат на аеродромот ќе мора да платат 55 евра по лице за да се пријават на лице место.

Компанијата соопшти дека новата политика моментално се применува на аеродромот во Даблин, како дел од тест фазата. Целта, велат тие, е да се „подобри искуството на клиентите и да се зголеми оперативната ефикасност“ со намалување на редиците и забрзување на процесот на поминување низ аеродромот со охрабрување на патниците да прават сè дигитално пред да пристигнат на аеродромот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

„Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди...

Македонија54 минути

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет2 часа

Протекоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет2 часа

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа3 часа

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет3 часа

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет3 часа

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет15 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија18 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија20 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија21 час

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија24 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура1 ден

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија1 ден

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет1 ден

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет1 ден

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет1 ден

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...