Економија
Благ раст на Волстрит, инвеститорите уште претпазливи
Во вторникот на Волстрит цените на акциите забележаа благ раст, благодарејќи на добрите сигнали од американското стопанство, но сепак тргувањето се одвиваше претпазливо, бидејќи инвеститорите стравуваат дека растот на приносите од европските обврзници би можел да ја продлабочи должничката криза.
Во вторникот на Волстрит цените на акциите забележаа благ раст, благодарејќи на добрите сигнали од американското стопанство, но сепак тргувањето се одвиваше претпазливо, бидејќи инвеститорите стравуваат дека растот на приносите од европските обврзници би можел да ја продлабочи должничката криза. Индексот Dow Jones зајакна за 9.14 отсто на 12.096 поени, додека С&П 500 се зголеми за 0,48 проценти на 1.257 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,09. Отсто на 2.686 поени. Во вторникот најмногу пораснаа цените на акциите во секторите коишто се најчувствителни на движењата во стопанството, бидејќи потрошувачката во САД расте посилно отколку што се очекуваше. Во октомври, на пример, прометот во трговијата на мало зајакна за 0,5 отсто, што е еден од низата податоци коишто укажуваат дека САД ќе ја избегнат новата рецесија. Меѓутоа, еврозоната е на прагот на рецесијата. Во вторникот објавените резултати покажуваат слаб 0,2 процентен раст на БДП-то во овој сектор во третиот квартал годинава, додека првите показатели за октомври навестуваат дека во тековното тромесечје стопанството ќе потоне во блага рецесија. Тоа е директна последица на должничката криза којашто сé уште е далеку од решението. Иако на инвеститорите им олесни откако италијанскиот премиер Силвио Берслукони си поднесе оставка откако беше исполнет неговиот услов парламентот да ги прифати мерките за штедење договорени со партнерите од Европската унија, тие уште не се сосема сигурни дека новата влада којшто ја составува поранешниот еврокомесар Марио Монти, ќе може брзо да ги спроведе неопходните реформи. Поради тоа и во вторникот пораснаа приносите на италијанските државни обврзници, што за Италија значително ги зголемува трошоците за финансирање на големиот државен долг од околу 2.000 милијарди евра. Порасна, исто така, и приносите на шпанските и на француските државни обврзници, што ги поттикнува стравувањата од продлабочување на должничката криза во еврозоната. Тоа е основната причина за големата претпазливост на инвеститорите, што се покажува преку слабиот обем на тргувањето. На американските берзи Wall Street, American Stock Exchange и Nasdaq, сопствениците во вторникот ги заменија 6,3 милијарди акции, значително помалку од просечниот дневен обем во годинава кој се движи околу 8 милијарди акции. На европските берзи во вторникот беше забележан пад на цените на акциите. Така, лондонскиот FTSE 100 ослаби за 0,03 отсто на 5.517 поени, франкфуртскиот DAX падна за 0,87 проценти на 5.933 поени а парискиот CAC 40 потона за 1,92 отсто на 3.049 поени./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

