Економија
ЕБРД бара регулирано повлекување на банките од источна Европа
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) сугерира дека повлекувањето на западноевропските банки од регионите на средна и источна Европа би требало да биде регулирано за да се избегне новиот недостиг од кредити а со тоа и рецесија во регионот, пишуваат во петокот австриските медиуми.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) сугерира дека повлекувањето на западноевропските банки од регионите на средна и источна Европа би требало да биде регулирано за да се избегне новиот недостиг од кредити а со тоа и рецесија во регионот, пишуваат во петокот австриските медиуми. „Нема да можеме да го спречиме повлекувањето на банките но сакаме да се погрижиме тој процес да не биде избрзан и поедини земји со тоа да не бидат несразмерно силно погодени“, изјави за виенскиот дневен весник Der Standard, директорот на истражувачкиот оддел во ЕБРД, Јероним Зетелмајер. ЕБРД е подготвена да им помогне на банките инјектирајќи капитал, вели Зетермајер, а според него овој предлог го поддржува и Меѓуанродниот монетарен фонд (ММФ).Во ЕБРД очигледно тргнуваат од претпоставката дека повлекувањето на западноевропските банки од источна Европа веќе започна и дека тоа не е можно да се спречи. Европската агенција за банки (ЕБА) во контекст на должничката криза во еврозоната ги поостри капиталните барања од банките, барајќи од нив до средината на идната година да га подигнат стапката на адекватност ана капиталот на минимални 9 отсто. Поради тензиите на пазарите, банките веројатно тешко ќе ги придобијат вложувачите а повеќето од нив одбиваат државна помош. Оттаму, сега им преостанува само да ги продаваат своите филијали и намалување на кредитните пласмани, пишува Der Standard. Во ЕБРД веќе забележале намалување на кредитните пласмани во регионот, „иако засега тоа е само спорадично“., нагласува Зетермајер. Имајќи предвид дека банките од еврозоната доминираат на источоевропските пазари, засилувањето на тој тренд би можело да предизвика недостиг од кредити и рецесија. Оттаму ММФ и ЕБРД, според пишувањето на весникот, ги засилиле напорите за да ги обврзат банките на почитување одредени правила, по урнекот на сличниот договор од 2008 година. Тогаш во рамките на ткн Виенска иницијатива банките во замена за продолжувањето ан ангажманот во регионот, добиваа кредити од ЕБРД. Затоа во ЕБРД ги критикуваа новите прописи на австрискиот регулатор за финансиски пазар (FMA) и централната банка коишто „без претходно предупредување и договор“ од австриските банки бараа построги критериуми за работењето во источна Европа, вклучувајќи го и доделувањето кредити. Се предупредува дека овој потег е преземен во најлошиот можен момент. Извесни штети веќе се сторени, пишува Der Standard, цитирајќи извори од ЕБРД, имајќи предвид дека е подзагреано стравувањето дека Австрија подготвува делумно повлекување на банките „спротивно од принципите на Виенската иницијатива“. Така, австриската банка Raiffeisen Bank International (RBI) во петокот објави дека интензивно размислува за повлекување од некои пазари во источна и средна Европа, поради стравувањето дека кризата во еврозоната ќе се прелее и на тие региони.Според зборовите на извршниот директор на банката, Херберт Степик, многу е можно дека во најскора иднина Raiffeisen Bank International (RBI) ќе се повлече од некои од земјите во источна и средна Европа. Банката, инаку, спаѓа меѓу најголемите во регионот и има речиси 14 милиони клиенти во 18 земји. Затоа, според информациите со коишто располага виенскиот дневен весник, на претставниците на FMA и на Австриската централна банка во четвртокот наутро биле повикани да го образложат нивниот потег пред стручњаците од ММФ и од ЕБРД и Европската комисија./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

