Економија
ОН ја намали прогнозата за развој на светската економија за 2012 година

Обединетите Нации ја намалија прогнозата за развојот на економијата во светот во 2012 година, јави “Дојче Веле“.
Обединетите Нации ја намалија прогнозата за развојот на економијата во светот во 2012 година, јави “Дојче Веле“.
Според пресметките и анализите на експертите, глобалниот економски раст во следната година ќе биде 2,6% – еден процент под претходните предвидувања. Ако ситуацијата се развие според најпесимистичкото сценарио, овој показател може да падне до 0,5%. Во експертски извештај претставен во Њујорк, се истакнува дека проблемите што произлегуваат во Европа во комбинација со економскиот пад во САД можат да доведат до глобална рецесија.
Со прогнозата на ОН се согласуваат и експертите на Меѓународниот монетарен фонд. Тие исто така се на мислење дека ќе има забавување на растот на економијата.
„Земајќи ја предвид растечката криза во еврозоната многу веројатно е песимистичкото сценарио“, изјави претставникот на ММФ Гери Рајс. Тој посочи дека по објавувањето на последниот извештај на ММФ во октомври има влошување на економската конјуктура со забавување на динамиката и влошување на состојбата на пазарите.
Следна прогноза за развојот на светската економија ММФ ќе ја објави во јануари. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Димитриеска-Кочоска во работна посета на Луксембург на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, од денеска до 4 јули 2025 година ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе учествува на редовниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка.
РС Македонија, е дел од Холандската конституенца, а министерката за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светската банка.
На маргините на состанокот, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции и со министри за финансии од земјите членки на Конституенцата.
Средбите ќе бидат посветени на актуелните глобални економски предизвици, на политиките за одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст, како и на поддршката за реформските процеси во РС Македонија.
Учеството на вакви состаноци претставува значајна можност за унапредување на соработката со ММФ, Светска банка и другите членки на Конституенцата, како и за презентирање на макроекономските политики и реформската агенда на Владата, соопшти Министерството за финансии.
Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.