Економија
Драстичен пораст на интересот за градење

Бројот на издадени одобренија на територијата на Македонија во октомври изнесувал 268 што е за 40,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Бројот на издадени одобренија на територијата на Македонија во октомври изнесувал 268 што е за 40,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,4 милијарди денари (39,5 милиони евра) што е за 58,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 208 се наменети за објекти од високоградба, 16 за објекти од нискоградба и 44 за објекти за реконструкција.Во извештајниот период е предвидена изградба на 507 станови со вкупна корисна површина од 46 067 м2. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Димитриеска-Кочоска во работна посета на Луксембург на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, од денеска до 4 јули 2025 година ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе учествува на редовниот состанок на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка.
РС Македонија, е дел од Холандската конституенца, а министерката за финансии ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светската банка.
На маргините на состанокот, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции и со министри за финансии од земјите членки на Конституенцата.
Средбите ќе бидат посветени на актуелните глобални економски предизвици, на политиките за одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст, како и на поддршката за реформските процеси во РС Македонија.
Учеството на вакви состаноци претставува значајна можност за унапредување на соработката со ММФ, Светска банка и другите членки на Конституенцата, како и за презентирање на макроекономските политики и реформската агенда на Владата, соопшти Министерството за финансии.
Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.