Економија
Индија ги суспендираше реформите на малопродажниот сектор
Индија во средата ги суспендираше плановите за отворање 470 милијарди долари вредниот малопродажен сектор за странските синџири како на „Wal-Mart“, под притисокот на противење3то на малите продавници и пратениците од опозицијата.
Индија во средата ги суспендираше плановите за отворање 470 милијарди долари вредниот малопродажен сектор за странските синџири како на „Wal-Mart“, под притисокот на противење3то на малите продавници и пратениците од опозицијата.Суспензијата доаѓа во многу лош момент за индиската влада предводена од премиерот Манмохан Синг, којашто пред две седмици со голема помпа ги објави двете реформи на малопродажниот сектор.Се очекуваше дека доаѓањето на меѓународните малопродажни синџири како „Wal-Mart“, „Carrefour“ и „Tescо“ ќе придонесат за вистинска потрошувачка револуција и ќе ги пренасочат на потрошувачите од малите продавници во соседството кон големите супермаркети во предградијата.Гневот поради планираните реформи ги обедини сопствениците на малите семејни продавници, синдикатите влијателните државни функционери и опозициските пратеници кои го парализираа парламентот при носењето одлука за ова прашање. „Одлуката да се овозможи 51 отсто директни странски вложувања во малопродажниот сектор со повеќе брендови ќе биде суспендирана додека преку консултации не се постигне консензус“, изјави во парламентот индискиот министер за финансии, Пранаб Мукерџи.Суспендираната реформа би им овозможила на странските компании 51-процентна сопственост во трговските синџири кои продаваат повеќе брендови, што би претставувало остра конкуренција за традиционалните продавници. Федерацијата на индиските трговски комори (FICC) соопшти дека е длабоко разочарана од владиниот потег. „Потегот е крајно регресивен. Спроведувањето на таквите реформи е клучно за стопанството во целина“, се наведува во писмената изјава на FICC што ја цитира AFP.Генералниот секретар на Националното здружение на малите трговци, Кишоре Каравала, коешто помогна во организацијата на минатонеделниот еднодневен штрајк против реформите изразил задоволство од ваквата владина одлука. „Добродојдена е секоја одлука која оди во насока на заштита на националните интереси. Повторно ќе се спротиставиме не таквата реформа, доколку владата повторно се обиде да ја покрене“, изјави Каравала за агенцијата. Вредноста на приходот на индискиот малопродажен сектор се проценува на 470 милијарди долари годишно, со висок потенцијал за раст, имајќи го предвид процесот на транзиција на земјата со 1,2 милијарди жители во пазарно стопанство. /крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

