Економија
Пад на европските берзи поради спласнувањето на оптимизмот по самитот на ЕУ
Европските пазари на акции во понеделникот ослабеа во незначителната трговија поради разочарувањето на инвеститорите од минатонеделниот самит на Европската унија, покажуваат податоците по затворањето на денешното тргување.
Европските пазари на акции во понеделникот ослабеа во незначителната трговија поради разочарувањето на инвеститорите од минатонеделниот самит на Европската унија, покажуваат податоците по затворањето на денешното тргување. Индексот на лондонската берза FTSE 100 ослаби за 0,5 отсто на 5.501 поени, индексот на франкфуртската берза DAX потона за 1,5 отсто на 5.896 поени, додека индексот на берзата во Париз CAC 40 беше во негатива од 1,1 отсто и изнесуваше 3.136 индексни поени. Според аналитичарите, ова се должи на тоа што во петокот на самитот на ЕУ во Брисел, челниците на 26 земји членки, освен Велика Британија којашто остана настрана несакајќи да загуби од својот суверенитет, се договорија за промена на европскиот договор за воведување построги прописи за контрола на расходите во националните буџети во рамките на еврозоната, како и можност за земање билатерални кредити преку Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 200 милијарди евра за надминување на должничката криза на паднатите стопанства во зоната на употреба на единствената европска валута. Од друга страна, агенцијата за одредување кредитни рејтинзи „Standard and Poor’s“ (S&P), уште пред самитот го вброи 15 членки од еврозоната на листата земји чиј бонитет ќе биде ставен на разгледување поради можно намалување а во понеделникот објави дека Европската унија треба да одржи повеќе самити за да ја надмине должничката криза за што времето полека но сигурно истекува. Главниот економист на ММФ, Оливие Бланшар, викендов изјави дека договорот за подлабока економска интеграција е чекор во вистинска насока, но не и сеопфатно решение за кризата.Во понеделникот меѓу најголемите губитници беа банките. Така британската „Lloyds“ ослаби за 6,3 отсто, француската „Societe Generale“ за 5,1 проценти, германската „Commerzbank“ за 3,4 отсто, а акциите на италијанските банки „Banco Popolare“ и „Unicredit“ паднаа за 3,9 односно за 4 отсто.Меѓу позначајните губитници во понеделникот беа и акциите на осигурителните компании, токму поради предупредувањето на „S&P“ за можното намалување на рејтинзите под влијание на европската финансиска криза. Така акцијата на германската „Allianz“ загуби на вредноста 4,4 отсто, на австриската „Vienna Insurance Group“ – 3,5 проценти а на француската „Axa“ – 2,6 отсто./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

