Економија
ММФ и предвидува на Македонија раст најмногу од два отсто
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека македонската економија наредната година ќе оствари раст од најмногу два отсто, а се сомнева и дека буџетските приходи ќе бидат согласно планираното.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека македонската економија наредната година ќе оствари раст од најмногу два отсто, а се сомнева и дека буџетските приходи ќе бидат согласно планираното.Прогнозата на ММФ е значително пониска од онаа на владата, која очекува растот в година да достигне 4,5 отсто, како и од прогнозата на Народната банка на Македонија (НБМ), која предвидува раст од три отсто.Шефот на Мисијата на ММФ во Македонија Вес Мекгру на денешната прес-конференција појасни дека главни пречки кои можат да влијаат врз развојот на македонската економија главно произлегуваат од кризата во еврозоната.„Очекува порастот на македонската економија во следната година да изнесува два проценти. Ова се нашите прелиминарни проекции. Секако постојат ризици во надолна линија, со тоа што може да дојде и до влошување на ситуацијата, а сето тоа да има влијание и врз Македонија“, рече Мекгру.Тој констатираше дека постојат неколку фактори кои што може да и помогнат на Македонија да се заштити од неповолните случувања во еврозоната, како што е ниското ниво на јавниот долг, нискиот буџетски дефицит и малиот дефицит на тековната сметка.„Секако многу важен е фактот што банките во земјата не се потпираат на надворешно финансирање. Ова ве прави многу поразлични од останатите земји во регионот, кои многу зависат од надворешното финансирање“, рече Мекгру.Тој и советуваше на Македонија во покривањето на буџетскиот дефицит да се потпре кон домашно задолжување, а доколку е потребно и да се зголеми референтната камата за да се зголеми домашниот пазар на задолжување.Според ММФ, приходите во буџетот во Македонија во наредната година ќе бидат пониски од очекуваното, поради што на владата и се препорачува да ги следи случувањата и соодветно да реагираат со расходите за да се надоместат помалите приходи.Наспроти проекциите на ММФ, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека владата останува при својата првобитна проекција, а изрази и очекување дека планираниот буџет за наредната година ќе биде целосно реализиран.Ставрески истакна дека во светската пракса често се случувало проекциите на ММФ да бидат различни од тие на националните влади, при што секогаш ММФ излегувал со поконзервативни проекции. „Го почитуваме мислењето на ММФ и нивните проекции, но во исто време изработуваме и наши проекции, исто како и НБМ и другите институции што го прават тоа. Разликите во проекциите секогаш постоеле“, рече Ставрески.Тој сепак нагласи дека македонската економија е под влијание на случувањата во Европа, каде што состојбите секојдневно се менуваат.„Го дилеми мислењето дека се зголемуваат ризиците за економскиот раст и развојот на економијата, што пред два месеци беше незамисливо. Информациите се се понегативни и тоа бара од сите нас соодветна адаптабилност, промени и флексибилност во однос на проекциите“, рече Ставрески. Изразувајќи очекување дека буџетот и буџетскиот дефицит следната година ќе ја издржат кризата, Ставрески информираше дека буџетот сепак е планиран со одредени резерви во однос на евентуалните промени на стапката на раст, а име и одредени резерви во поглед на расходите.Гувернерот Димитар Богов изрази задоволство од заклучоците на Мекгру дека македонската економија е релативно добро подготвена за евентуалната криза во еврозоната.„Јасно ни е дека економскиот раст ќе страда во наредната година, што ќе зависи од силината на забавувањето на економијата во еврозоната и во ЕУ во целина. Не можеме да влијае на случувањата таму, но можеме што подобро да се подготвиме и да ја зачуваме стабилност“, рече Богов.Според него, не постои потенцијал за поголем удар врз македонската економија од евентуалната криза во еврозоната. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Средба Муцунски – Aзески: Фокус на извозот и економската дипломатија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески.
На средбата беа разгледани иницијативи и конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организација на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва, како и промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор во државата.
Министерот Муцунски нагласи дека целта на овие средби е директно да се слушнат ставовите и размислувањата на коморите, како и да се добијат конкретни иницијативи за поддршка на компаниите, зајакнување на економската дипломатија и унапредување на извозот, што директно придонесува кон зајакнување на економијата и забрзување на економскиот развој.
Беше потврдена одличната досегашна соработка и изразено заемно задоволство од постигнатите резултати, при што се разговараше и за нејзино натамошно продлабочување, со цел обезбедување конкретни придобивки за компаниите и позитивно влијание врз вкупниот економски развој на државата.
Нагласувајќи ја важноста на дипломатско-конзуларните претставништва и на дипломатската мрежа во целост, претседателот на Стопанската комора истакна дека иницијативите за зајакнување на економската дипломатија доаѓаат во вистински момент, во насока на поддршка на стопанството и економското закрепнување.
На средбата беа разгледани и конкретни иницијативи и настани планирани за наредниот период, како можности за понатамошна соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора.
Економија
Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП
Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“.
„Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување“, велат од УЈП.
Во текот на 2025 година за редовна исплата исплатени се 3.458.885.995 денари, што е 56,2 милиони евра средства вратени на сметките на граѓаните по основ на „МојДДВ“.
Гледано по квартали, повратот на средства преку „МојДДВ“ во текот на 2025 година е следен:
•За К4 2024 година (исплата во февруари 2025) исплатени се 870.329.146 денари за 496.442 корисници;
•За К1 2025 година исплатени се 784.442.146 денари за 491.770 корисници;
•За К2 2025 година исплатени се 882.137.038 денари за 503.655 корисници;
•За К3 2025 година исплатени се 921.977.665 денари за 515.182 корисници;
•За К4 2025 година налозите се во обработка и согласно законските одредби исплатата на средства е предвидена за февруари 2026 година.
Во текот на 2025 година беа извршени и дополнителни исплати (од изминатите години) кон корисниците кои немале точни податоци во периодот кога биле редовните исплати:
•За скенирани сметки во 2020 година исплатени се 2.658.049 денари;
•За скенирани сметки во 2023 година исплатени се 7.552.401 денари;
•За сметки скенирани во 2024 година исплатени се 4.076.525 денари.
На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку „МојДДВ“, исплатени се вкупно 3.473.172.970 денари или 56,4 милиони евра.
УЈП ги известува граѓаните дека веќе ги подготвува налозите за исплата на средства за скенирани сметки во последниот квартал од 2025 година, која треба да се реализира во февруари 2026 година.
„Апелираме граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на Управата за јавни приходи. Истовремено, УЈП ја информира јавноста дека апликацијата „Мој ДДВ“ функционира редовно. Во рамки на тековните технички подобрувања на системот, можно е повремено забавување при најавување на апликацијата од страна на корисниците или при вчитување на фискалните сметки. Овие појави се привремени, а надлежните технички служби континуирано работат на нивно отстранување, со цел да се обезбеди подобро корисничко искуство. Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување“, се додава во соопштението на УЈП.
Економија
Малите и средни претпријатија се ’рбетот на економијата – претставена Националната стратегија за МСП 2025–2030
Министерството за економија и труд денес ја презентираше Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025–2030, стратешки документ кој ја дефинира насоката за развој, конкурентност и отпорност на малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија во наредните години.
Малите и средни претпријатија претставуваат ’рбет на националната економија, сочинувајќи околу 99 проценти од вкупниот број претпријатија и обезбедувајќи егзистенција за речиси три четвртини од вработените. Тие имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност на државата.
На настанот, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши истакна дека Стратегијата е повеќе од формален документ и дека таа претставува јасна определба за поддршка на домашните претприемачи.
„Малите и средни претпријатија не се само дел од нашата економија – тие се нашата економија. Секој нивен успех значи посигурна иднина за едно семејство и посилна држава. Со Стратегијата за МСП 2025–2030 создаваме услови тие да бидат лидери на промените, а не нивни следбеници,“ истакна министерот.

