Економија
Македонија ги зајакнува економските односи со Израел
Петнаесетина израелски компании од неколку сектори учествуваат на меѓународниот бизнис форум, што за прв пат се одржува во Скопје во организација на Македонско-Израелскиот Бизнис Клуб.
Петнаесетина израелски компании од неколку сектори учествуваат на меѓународниот бизнис форум, што за прв пат се одржува во Скопје во организација на Македонско-Израелскиот Бизнис Клуб.На форумот, покрај израелските компании од секторите земјоделие, туризам, обновливи извори на енергија, медицина и фармација и информатичко општество, учествуваат и поголем број македонски компании, но и компании од Албанија, Косово и БиХ.Вицепремиерот за економија Владимир Пешевски нагласи дека помеѓу Македонија и Израел традиционално постојат одлични пријателски односи на политичко ниво. „Израел е држава од која што можеме многу да научиме, особено нашите компани. Тоа е држава која што се соочува со големи предизвици во своето опкружување, економијата ја има изградено врз база на знаење, каде што најголем дел од БДП е базиран на современи технологии и токму тука постои простор за соработка“, изјави Пешевски.Оценувајќи дека наредната година европската економија ја очекуваат големи предизвици, Пешевски истакна дека токму низ зајакната економска соработка и нови економски контакти компаниите може на поедноставен начин да ги надминат ризиците.Израелскиот амбасадор за Македонија, Албанија и БиХ, Дејвид Коен оцени дека денешниот настан претставува добра можност за продлабочувањето на економските и трговските односи помеѓу двете држави.Тој информираше дека на форумот се присутни и експерти на Израелската Агенција за меѓународна соработка и развој (МАШАВ) кои на Македонија треба да и го пренесат богатото искуство на Израел во земјоделието. Тука се присутни израелски експерти за да го пренесат искуство во земјоделието со цел да и се помогне на Македонија да ги достигне европските стандарди. Како што знаете, Израел има многу позитивно искуство во оваа област“, рече Коен.Организаторот на форумот не беше во можност да објави официјални статистички податоци за досегашната економска соработка помеѓу двете држави, како и за бројот на израелските инвестиции во Македонија, а вицепремиерот Пешевски потврди дека нема да има ништо од проектот Сончев град, според кој израелска компанија требаше да гради елитна населба на падините на Водно, истакнувајќи дека тоа земјиште одново ќе биде понудено на продажба. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

