Економија
Усвоен Буџетот на Град Скопје за 2012 година

Советот на Град Скопје на својата педесет и трета седница го усвои Буџетот на Град Скопје за 2012 година.
Советот на Град Скопје на својата педесет и трета седница го усвои Буџетот на Град Скопје за 2012 година.
Буџетот во 2012 година ќе изнесува вкупно 6.530.415.000 денари, односно има зголемување за 14,1 % во однос на буџетот од 2011 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2012 година ќе изнесува 3.958,500,000 денари.
Советот на денешната седница ја усвои Одлуката за менување на Планот на програми за развој за периодот 2012-2014 година, како и Одлуката за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2012 година.
На седницата со консензус од сите советнички групи во Советот на Град Скопје, со 37 гласа и ниту еден против и воздржан, го донесе и новиот Деловник на Советот на Град Скопје. На денешната седница се донесе и одлука за формирање комисии на Советот на Град Скопје.
Советот даде согласност и за Одлуката за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги коишто ги извршува ЈП “Градски паркинг“-Скопје, како и Одлуката за измена на Статутот на ЈП “Градски паркинг“-Скопје.
Претставници од Сектор за заштита на животната средина и природата пред Советот ја презентираа информацијата за актуелната состојба со загадувањето на воздухот во Скопје, како и преземените мерки за нејзино надминување.
Јавното сообраќајно претпријатие беше застапено на оваа седница со повеќе точки, каде што се дискутираше околу воведување повеќе нови бенефиции за превозот на постарите лица жители на Град Скопје, како и за воведување нова автобуска линија.
Според првата иницијатива, поднесена од советниците Слободан Близнаковски и Тони Ѓуревски, на постарите лица треба да им се овозможи да се возат во автобусите на ЈСП за цена од 1.200 денари годишно, коишто би се плаќале на 2 годишни рати. Втората иницијатива, поднесена од советничката група на СДСМ, се планира бесплатен превоз за постарите лица секој ден од 09 часот до 15 часот.
За сите иницијативи, Советот донесе заклучоци со кој се задолжува ЈСП да направи анализи по истите и тие да се достават до Советот во рок од 30 дена. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари

Илон Маск би можел да стане првиот човек во историјата кој ќе добие акции во вредност од еден трилион долари, доколку во следната деценија „Тесла“ ги исполни своите најамбициозни цели, соопшти Управниот одбор на компанијата.
Според новата програма за наградување, Маск нема да добива пари или класични бонуси, туку акции, чија вредност би достигнала историски рекорд доколку плановите се реализираат.
Меѓу условите се вклучени продажба на 12 милиони електрични возила, лансирање на еден милион роботи со вештачка интелигенција и осмократен раст на вредноста на компанијата.
Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека иако задачите изгледаат скоро невозможно, токму визијата на Маск и неговата упорност се гаранција за успех.
„Задржувањето и мотивирањето на Илон е клучно за ‘Тесла’ да стане највредната компанија во историјата“, порача Денхолм.
Оваа објава доаѓа само еден месец по одлуката на американски суд, со која Маск доби 29 милијарди долари во акции, откако претходно беше поништено грандиозното доделување од 50 милијарди долари поради негова неправедност кон акционерите.
Со новата програма, „Тесла“ испраќа порака дека иднината на компанијата останува тесно врзана за најбогатиот човек на планетата и неговите визионерски планови.
Економија
Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според него, е резултат на одговорни владини политики.
„Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша Мицкоски.
Тој посочи дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што претставува пад од еден процент во однос на истиот квартал минатата година.
„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, нагласи премиерот.
Мицкоски се осврна и на трговската размена, посочувајќи дека во јули извозот пораснал за 4,69 проценти, а увозот за 4,35 проценти.
„Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти. Вкупната трговска размена во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период лани“, додаде тој.
„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред, со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој“, порача премиерот во својата објава.
Економија
Стојаноски: Економијата се буди, граѓаните наскоро ќе почувствуваат подобар живот

Во рамки на новото издание на емисијата „Ставот на регионот“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој говореше за состојбата на македонската економија и најави подобрувања што, според него, ќе донесат повисок стандард за граѓаните.
„Три квартали по ред имаме раст на БДП од над 3%. Индустриското производство од месец јули, споредено со јуни претходната година, е зголемено за 4,1%, а преработувачката индустрија бележи раст од 7%. Дополнително, забележуваме и поголем број туристи кои доаѓаат во државата“, изјави Стојаноски.
Тој нагласи дека Македонија гради темели на нова економска филозофија, чија цел е повисок стандард, подобри плати и пензии и поквалитетен живот за сите граѓани.
„Овие показатели укажуваат дека македонската економија полека заздравува. А кога ќе влеземе во полн ек на реализација на капиталните инвестиции и ќе го развиеме градежништвото, како клучна гранка, ќе имаме уште повеќе можности да помагаме и со дополнителни мерки“, додаде Стојаноски.