Економија
Богов: Банките се покажаа отпорни на стрест тестовите

Банкарскиот сектор е релативно добро отпорен дури и на најострите сценарија во еврозоната и се покажа стабилен во стрес тестовите што Народната банка на Македонија ги спровела деновиве.
Банкарскиот сектор е релативно добро отпорен дури и на најострите сценарија во еврозоната и се покажа стабилен во стрес тестовите што Народната банка на Македонија ги спровела деновиве.Ова денеска го изјави гувернерот Димитар Богов по седницата на Комитетот за финансиска стабилност, на која присуствуваше и министерот за финансии Зоран СтаврескиБогов информираше дека на седницата биле презентирани сите стрес тест сценарија кои што НБМ ги направила во овој период и по сите нив банкарскиот сектор покажува отпорност дури и во најострото сценарио.„Ликвидноста е на исклучително високо ниво, солвентноста е одлична, што дава сигурност дека банкарскиот сектор може да ги издржи ударите и да продолжи со нормални кредитни активности, дури и при најлоши сценарија во еврозоната“, изјави Богов.Тој рече дека засега НБМ не планира да превземе мерки, но дека се прават разни симулации, за тоа кој мерки во каква ситуација би се презеле.Запрашан дали НБМ размислува да ги зголеми каматните стапки, согласно препораката на ММФ, Богов рече дека не се предвидува такво нешто, но дека тоа ќе зависи од развојот на настаните во иднина„Нашите проекции во базичното сценарио покажуваат дека нема да има потреба од затегање на монетарната политика, но при поострите сценарија, зависно од притисокот кој што би го имале на девизниот пазар, соодветно ќе реагираме, меѓутоа не би требало таквата реакција да биде позначителна“, изјави Богов.Гувернерот информираше дека во последно време нема одлив на депозитите, туку напротив има пораст на истите и кај домаќинствата и кај претпријатијата. Депозитите во евра бележат благо незначително намалување, додека депозитите во денари растат со повисока стапка.Кредитната активност на банките во последно време бележи одредено забавување, што се должи поради неизвеснота во еврозоната и како тоа ќе се одрази врз Македонија.На седницата на претставниците на НБМ и министерството за финансии било констатирано дека кредитниот ризик се зголемил, што може да се согледа преку забрзаниот раст на нефункционалните кредити и растот на изложеноста во најризичната категорија „Д“.„Сепак, ризиците од влошување на квалитетот на кредитното портфолио се ублажуваат, имајќи ја предвид целосната покриеност на нефункционалните кредити си исправка на вредноста на посебната резерва“, стои во соопштението на НБМ. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.